Дoпoлнитeлeн тecт зa Koвид-19 пpи влeз вo Грција ако нe cтe билe вakциниpaни или cтe пpeлeжaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција воведува дополнителен тест за коронавирус за оние кои не биле вакцинирани и не биле болни, а задолжителен тест за ПЦР или Рапид ќе се изврши на соодветниот граничен премин при влез во земјата.

Доколку тестот е позитивен, граѓаните ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Казната за непочитување е 5.000 евра.

Ослободени од барањето се граѓаните кои имаат сертификат за вакцинација за КОВИД-19, валиден 14 дена по завршување вакцинацијата или потврда за болест издадена не порано од 30 дена и најдоцна 180 дена по болеста.

Потсетуваме дека при влегување на грчка територија, граѓаните кои не биле вакцинирани или немале коронавирус, треба да покажат негативен резултат од ПЦР -тестот направен не порано од 72 часа по влегувањето во земјата или негативен брз (антигенски) тест направен до 48 часа пред патувањето. Останува задолжително да се пополни формуларот за лоцирање патници (PLF) на следната врска: https://travel.gov.gr/#/.

Придружниците на дијагностицираните со КОВИД-19 имаат можност да избегнат карантин и да се вратат во земјата од каде што пристигнале, под услов да имаат 2 негативни резултати од ПЦР или брзи тестови во рок од 24 часа и да носат маска од типот Н95 во секое време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This