Дpaгaн pacпaли: Шилeгoв ќе имeнyвa улица по колабopaтop на HAЦИCTИTE кoj на Xимлep мy вeтил двe C С ДИBИ3ИИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Градоначалникот Шилегов и екипата предлагат улица во Скопје да носи име на Шуку Халим, делегат на Втората Призренска лига. Другите предлози се дејци од Првата Призренска лига, кои и покрај сета контроверзност, можат да пројдат бидејќи за Албанците се дел од нивната борба за еманципација и слично.

Но Халим, некогашен градоначалник на Урошевац, е дел од организација која била формирана во 1943 со помош на германскиот Абвер (тајната служба во време на Втората светска војна), а за возврат шефовите на Лигата му ветуваат на Хајнрих Химлер лично, дека ќе формираат две албански СС дивизии.

Значи СС дивизии, ако знаете што е тоа! А тие дивизии „работат на случајот“ низ Македонија и Косово со разни „фини“ и „интересни“ средства за формирање на Голема Албанија под покровителство на тогашна фашистичка Германија. Паѓа фашистичката власт во Македонија во 1944 година, паѓа и Лигата.

Чисто како идеја: Кога Бугарите галамат дека ги нарекуваме фашисти, колку време ќе им треба во поддршка за своите тези да наведат дека среде Скопје ќе има улица (можеби) со има на човек кој е член на фашистичка формација? Далеко смо догурали, пишува на Фејсбук, новинарот Драган Милосавлевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This