Николоски: Бугapитe ги yживaaт пpaвaтa вo Македонија, а Македонците вo Бугарија нe мoжaт дa гoвopaт и yчaт нa мaкeдoнcки jaзик..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес оствари посета во Тетово каде што на медиумите ја коментираше изјавата на еден бугарски дипломат кој ги бара правата на Бугарите во Македонија.

„Видете, најмал проблем е чии права ќе бидат прифатени, за тоа што Македонија е демократско општество и секој човек треба да има индивидуални права. И никој во Македонија никому не прави проблеми да се идентификува како што сака и да го зборува мајчиниот јазик кој што мисли дека му е мајчин јазик. Прашањето е друго какви се правата на Македонците во Бугарија? Зошто Македонците не можат да се произнесат како Македонци во Бугарија и зошто не можат да го зборуваат македонскиот јазик, ниту да имаат училишта на македонски јазик“, запраша Николоски.

Николоски додаде дека прашањето е зошто Бугарија не ги почитува одлуките на Меѓународниот суд на правдата во Стразбур кои што бараат да се регистрираат македонски здруженија на чело со „ОМО Илинден“ и „Пирин“ и да се овозможи здружување на национална македонска основа, како и образование на македонски мајчин јазик. Тоа е прашањето за Бугарија, иначе Македонија од демократски стандарди е неколку скалила над Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This