Дpaма нa Дeвe Бaиp: Бугapиja co пpoтecтна нoтa кoн Maкедонија откaкo билe запpeни 920 бугapcки книги пpoпагaнда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради одлуката на царинските власти на граничниот премин Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, соопшти бугарската министерка за надворешни рабои Екатерина Захариева на својот профил на Фејсбук.

„Бугарските народни песни од браќата Миладинови беа транспортирани од бугарскиот граѓанин Виктор Стојанов, кој приложил договор за донација на цариниците на Деве Баир, со кој книгите треба да се обезбедат за нашиот културен центар. И покрај тоа што конзулот бил испратен на самото место од нашата амбасада во Скопје, царинските власти побарале претходната дозвола од Министерството за надворешни работи на РСМ да се усогласи со Министерството за култура на РСМ.

Со оваа нота Амбасадата бара објаснување зошто е наметнато посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што не е регулирано никаде и е апсурд во 2021 во земја која тврди дека сака да се приклучи на ЕУ. Скандалозниот чин на властите во Република Северна Македонија ќе биде презентиран на Европската комисија и на амбасадите на земјите члекнки на ЕУ во Скопје“, најави Захариева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This