Дpaмa вo Cтejт дeпapтмeнтoт: Укpaдeн пoдapoк вpeдeн 6.000 дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во САД се обидуваат да откријат каде завршило шише виски од 5.800 долари што, според наводите, Јапонија му го даде на поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео и, кое, се чини – „исчезнало“.

Како што пишува „Њујорк тајмс“, јапонските власти му го подариле овој скап алкохолен пијалак на Стејт департментот на 24 јуни 2019 година, при посетата на Саудиска Арабија. Според сегашниот закон, американските владини претставници лично имаат право да чуваат подароци во вредност до 390 долари, а поскапите подароци одат кај државните органи.

Весникот цитира неименувани службеници кои тврдат дека Владата никогаш не го добила тоа јапонско виски.

Адвокатот на Мајк Помпео рече дека поранешниот државен секретар, кој во кариерата беше и шеф на ЦИА, не знае ништо за судбината на тоа скапо шише.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This