ДPAMA ВО CУДНИЦАТА: Боки 13 го иcпpaшува Орце Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првото прашање до сведокот Орце Камчев од страна на Бојан Јовановски е кој ја иницирал средбата помеѓу него Камчев и Зоран Милевски, на што бизнисменот посочи дека не го разбира прашањето.

-Зоран Милевски и Бојано Јованоски заедно, одговори Камчев.

Кажавте дека случајно сте се сретнале, сега велите Зоран Милевски и Бојан Јовановски потпраша 13-ка.

-На колку места заедно со Зоран Милевски пред да седнете со мене во „Сушико“ и со колку луѓе разговаравте за случајот подоцна таканаречен „Империја“, праша Јовановски.

-Со никого пошто кодното име најверојатно ти си му го кажал на покојниот Жарко, јас тогаш го сретнав Ноември, јас само нагласив и ќе кажам, во мојата изјава пред тебе ми пристапи Васил Димишков и ми пристапи Чифлиганец вели Камчев.

-Откако ти пристиапиле Васил Димишков и Чифлиганец вие Јордан Камчев и Зоран Милевски со кого се сте се консултирале за вашиот работен проблем и истрага која што ја води СЈО, прашува Јовановски.

-Не се сеќавам, мислам со никого, одговори Камчев.

-Судот нема да ми дозволи иако јас можам да ве потсетам на се, затоа што низа лаги изрековте, вели Боки 13.

-За кој јавнообвинителски проблем побаравте помош на првата средба во „Сушико“, праша Јовановски.

-Па ти не си адвокат јас од тебе да барам решение за јавнообвинителски проблем. Не знам не се сеќавам. Значи со тебе не сум разговрала за јавнообвинителски проблем, одговори Камчев.

За крај Јовановски побара од Камчев да му персира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This