ЕВЕ ГИ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА: Рамковно вработените ќе продолжат да седат дома и земаат плата како и години нананзад?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата излезе со втор сет економски мерки за справување со кризата која ја предизвика вирусот COVID-19.

Откако сите држави во регионот јавно ги соопштија економските мерки што ќе ги преземе државата за да им помогне на граѓаните полесно да го пребродат овој тежок период, конечно и македонската Влада го соопшти вториот сет на економски мерки.

Меѓу нив, како што се најавуваше се намалува платата на сите избрани и именувани функционери, односно тие ќе земаат минимална плата во износ од 14.500 денари за април и мај.

Добро е што во овие тешки моменти државата мисли и на рамковно враработените, односно за лицата кои се дел од неформалната економија, па го задолжи Министерствотo за труд и социјална политика во соработка со Министерстовото за финансии во рок од два дена да изготви и на Владата да и достави Предлог- Уредба со законска сила за реализирање на оваа мерка.

Во продолжение ги наведуваме останатите владини мерки:

– Финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Финансиска подршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата (14.500 денари/месчно) по работник;
– За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај;
– За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура;
– Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци;
– Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата;
– Се запира Законот за извршување до крајот на јуни;
– Одложување на кредитите кај банките;
– Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите;
– Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови;
– Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра;
– 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите;
– Се забранува отварање на стечајна постапка ;
– Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани – во јавниот сектор;
– Формирање на солидарен COVID-19 фонд;
– Намалување на авторски хонорари .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This