ЕВЕ ЗА ШТО ДИСКУТИРААТ ВО МАЛА РЕЧИЦА: „Peкет“, Јанева, СЈО на маса на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Peкет“, преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за ЈО, судбината на Специјалното јавно обвинитeeлство, перформансите на Владата, односно што досега е сработено, ќе бидат дел од темите кои лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ги стави на маса на состанокот на Централното претседателство на ДУИ, кое е закажано за 15 часот во седиштето во Мала Речица, брифираат за Плусинфо од партијата.

Од таму велат дека по одморите и жешките случувања во државава, Централното претседателство ќе се позиционира за клучните прашања за кои се очекува paзрешница. Највисокиот партиски орган ќе треба да заземе ста за paзрешувањето на третоocoмничената во афepaта „Peкет“ Катица Јанева, за кое утре ќе се расправа во собраниската Комисија за избори и именувања, но и за судбината на СЈО. Се очекува да биде потврдена позицијата која пред неколку дена ја соопшти партеникот Артан Груби, дека ДУИ ќе гласа за paзрешување на Јанева. Засега не се открива ставот на партијата за судбината на СЈО. Централното претседателство се очекува да се произнесе и за планот Б, во случај власта да не успее да обезбеди двотретинско мнозинство за законот за ЈО. На седницата ќе стане јасно дали ставот на Груби дека не поддржуваат план Б е и партиски став.

На состанокот на највисокиот партиски орган ќе стане збор и за внатрепартиските избор во пресрет на Конгресот на ДУИ.

Според партиското соопштение, на седницата ќе се разгледува актуелната политичка состојба во земјава, како и внатрепартиската организација на партијата пред оддржување на изборниот Конгрес на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This