ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖАТ ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ПРЕД БАДНИК: за да се наполни една скромна трпеза потребни се најмалку 3.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници во недела го празнуваат Бадник, а во понеделник Христовото паѓање, односно Божик.

За да се наполни една скромна бадникова трпеза на граѓаните им се потребни најмалку 3.000 денари. Иако традицијата налага вечерата да биде посна, цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковото мени, и не се така посни.

На пазарџиите веќе обичај им е предпразнично да ги билдаат цените, што во услови на намалена куповна моќ на граѓаните, дополнително го отежнува пазарењето.

Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири, се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата.

Бадниковата вечера, традиционално се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка, но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени. Па така, ако пред една недела килограм костени чинеше од 100 до 120 денари, сега на некои пазари се продаваше по неверојатна цена од 200 денари. Оревите пак, сега чинат 150 денари, иако претходно се продаваа за 80 до 100 денари за килограм.

И со набилдани цени, гужвата низ пазарите во речиси сите градови во земјава е очигледна, иако за граѓаните полнењето на торбите веќе станува невозможна мисија. Тие се жалат дека пазарџиите пред Бадник, освен костените, ги зголемиле цените и на зеленчукот и на рибата.

Еден килограм портокал може да се купи за 35 денари, мандарините за 50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движеше од 35 до 50 денари. На бадниковата трпеза неизбежна е и рибата па така низ рибарниците во Скопје, вчера, крапот се продаваше за 250 денари а мавровската пастрмка за 350 денари за килограм. Во услови на намалена куповна моќ на граѓаните а високи цени, оштетени се и граѓаните и трговците. Едните оти не можат да си дозволат богата бадникова трпеза, а другите оти регистрираат мала потрошувачка, состојба која се надеваат ќе се подобри за Божиќ кога на трпезата неизбежно е месото. Граѓаните за оваа вечера треба да одвојат многу повеќе од својот џеб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This