СДСМ ФOPСИРА БРЗИ ИЗБОРИ: Во мај нова лидерска средба, ако се исполни желбата на власта избори во јуни или во јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерска средба на која ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори, најави претседателот Стево Пендаровски за првата половина на следниот месец.

– Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот, изјавија за МИА од Кабинетот на претседателот Пенадровски.
Второпрогласената вонредна состојба завршува на 16-ти мај, по што според партиски извори ќе може да зепочне и процес за подготовка на избори кои како што типуваав би се одржале на 28-ми јуни или 5-ти јули.

Шефот на државата ја најави лидерската средба откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од него да свика средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието.

Мицкоски вели дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација, бидејќи поранешни пратеници не можат да поднесат иницијатива. Според него, тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот.

Од СДСМ, пак, сметаат дека сега нема потреба од лидерска средба, бидејќи фокусот е ставен на борба против коронавирусот.

-Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од корона вирусот, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров.
Од ДУИ велат дека сите позначајни одлуки треба да се донесат консензуално.

-Формата за постигнување на консензуалноста е помалку значајна од содржината и почитувањето на договореното. Датумите за формирање техничка влада, распуштање на Собранието, предвремени избори, па и одложувањето на тие избори, беа донесени консензуално и беа поддржани од сите. Сите чинители сега треба повторно консензуално да се договорат за следните чекори, било тоа да е телефонски, преку видео-врска или во друга форма, велат од ДУИ.
На последната лидерска средба што беше одржана во март партиите беа едногласни дека во услови на пандемија од коронавирусот, не треба да има избори, по што претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба за првпат во историјата на државата.

ДИК е подготвена да продолжи со изборните дејствија, но прво треба да се одреди кој ден ќе се одржат изборите, вели претседателот на Комисијата Оливер Деркоски. Тој го повика Уставниот суд да го поништи решението за одржување избори на 12-ти април и очекува спикерот Талат Џафери да ги распише за некој друг термин. За технички подготовки, кампања и ажурирање на Избирачкиот список, потребни се околу 50 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This