ЕВЕ КОЛКУ МОЖЕ ДА ИМ СЕ ВЕРУВА НА СДСМ: Во предизборето ветуваше, а денеска гласаше против укинување на Радиодифузната такса!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ денеска во Собранието на Република Македонија гласаше против укинување на радиодифузната такса на Предлог законот кој го поднесоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија утринава до Собранието на Република Македонија поднесоа три закони во процедура, од кои два се во скратена постапка и се очекува да бидат ставени на дневен ред на денешната седница. Еден од оние во скратена постапка беше и Предлог законотза измена на Законот за аудио визуелни услуги, со кој што бараат итно укинување на радиодифузната такса.

-Законот кој што го предлагаме денес е ветување на СДСМ и ние тука си земавме обврска сите ветувања од страна на СДСМ која сега ги заборави или ги стави под тепих и да не ги исполни, ние во најмала рака ќе ги поднесеме во процедура како закони за да ги потсетиме дека имаат потреба да го направат тоа. Пред две години СДСМ поднесе закон за менување на аудио и аудио визуелни медиумски услуги, но се однесува на укинување на радио дифузната такса. Целта ни е да ги потсетиме до нивните ветувања, овој закон ако се изгласа денеска ќе значи укинување на радио дифузната такса. СДСМ ветуваше дека веднаш штом ќе дојдат на власт ќе ја укинат радио дифузната такса, но нив веќе трет месец ги нема со ниту една активност, затоа ние денес ќе ги прашаме што мислат во однос на ова нивно ветување, потенцираше Димовски.

-Ова ви е итно, приоритетно предизборно ветување. Еве можност да ги исполните тие ветувања што не ги исполнивте, веднаш, по скратена постапка, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски пред гласањето.

Сепак, со 62 пратеника против, владејачкото мнозинство предводено од СДСМ гласаше против укинување на радиодифузната такса.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This