April 26, 2024, 10:46 pm

Еве кoлкy ќе бидe плaтeна Цеца за да ја зaмeни Кaрлeуша во “Ѕвездите на Гранд”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неверојатни 200.000 евра за една сезона ќе ѝ бидат исплатени на Светлана Ражњатовиќ-Цеца за да ја замени Јелена Карлеуша во тв-шоуто „Ѕвездите на Гранд“, и со тоа таа ќе биде најплатена од сите во жирито, пишува Мондо, а дознава српски Курир.

Пејачката неодамна на медиумите им ги откри деталите за одлуката за трансферот:

– Не, не се случи земјотрес. Се случи голема понуда и заемна добра волја за да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со сето тоа, со заедничка сила и искуство, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време. Ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам јавно за тоа додека не се потпише договорот, штом тоа се заврши, продукцијата излезе со својата објава. Имам искуство на натпревари, како прво сама сум учествувала на нив и се борев за првите места, а п повеќе години од кариерата станав дел од „Ѕвездите на Пинк“. Да бидам искрена, имам одлични сеќавања од тоа натпреварување – рече Цеца во својата прво интервју по склучувањето на договорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This