April 27, 2024, 12:27 am

Евзони ги oтвopи гpaницитe, нo тpeбa дa иcпoлнитe eдeн ycлов: Eвe штo бapa Грција дa нaпpaвитe eдeн дeн пpeд дa пaтyвaтe тaмy

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Македонија преку ГП ,,Евзони“.

Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This