Ево Моралес се врати во Боливија, пеш преку мостот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, се врати во Боливија денес, ден откако новиот претседател и неговиот сопартиец Луис Арсе положија заклетва.

Арсе (57), економист по професија, победи во првиот круг на претседателските избори на 18 октомври со 55% од гласовите. Неговото доаѓање на власт го означува враќањето на Движењето кон социјализмот (МАС) по оставката на Моралес во 2019 година.

Моралес, кој по оставката замина прво во Мексико, а потоа во Аргентина, неодамна изјави дека ќе се врати во Боливија откако Арсе ќе положи заклетва.

„Дел од мојот живот останува во Аргентина“, рече Моралес додека минуваше пеш преку мостот што ги поврзува Аргентина и Боливија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This