ЕВРОПА ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА: Јоханес Хан и Федерика Могерини со честитки до ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, доцна вечерва излегоа со позитивна оценка на мирните парламентарни избори во Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

han-mogerini

Двајцата високи европски претставници исто така побараа победниците на изборите брзо да формираат влада, а губитникот да биде активна опозиција.

– Неделните предвремени парламентарни избори во БЈР Македонија минаа на мирен и уреден начин, со добар одѕив на гласачите. Тие беа следени од мисијата на ОБСЕ / ОДИХР за набљудување на изборите, кој објави своја прелиминарна изјава попладнево. Овие вонредни парламентарни избори беа клучен елемент на договорот од Пржино од 2015 година. Тие и нудат на земјата клучна можност за обнова на демократски, конструктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничка цел на евро-атланските интеграции, порачаа Могерини и Хан во нивната реакција преку соопштение.

Високата претставничка на Унијата и еврокомесарот исто така побараа политичките партии во Македонија „да дејствуваат на еден инклузивен начин, што вклучува активна парламентарна опозиција и динамично граѓанско општество“.

– Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување реформи за решавање на системското владеење на правото, а исто така и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со спроведување на претходните политички договори во целост, вклучувајќи поддршка на работата на канцеларијата на специјалното обвинителство, додаваат Могерини и Хан.

На крајот во нивното соопштение за македонските избори, европската лидерска двојка за Балканот порача и дека „Европската унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во процесот на реформи и на нејзиниот пат кон европската интеграција“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This