Европска агенција за лekoви: Само затоа што некој пoчинaл откако бил вakциниран, не значи дека пoчинaл од вakцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Агенција за лекови (ЕМА) денеска ја одржа својата редовна конференција за вакцини и лекови против Ковид- 19.

На конференцијата беше речено дека сите четири вакцини одобрени од Европската унија (оние од „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон&Џонсон“) штитат од соевите кои во моментот циркулираат и дека тие особено штитат од потешки форми на заболувања и хоспитализација.

Агенцијата соопшти дека континуирано ги следи мутациите на вирусот и нивното влијание врз ефикасноста на вакцините. Предупредуваат дека со оглед на брзото ширење на варијантата делта, исклучително е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе.

Прелиминарните податоци покажуваат дека и двете дози на вакцината треба да се примат со цел да се постигне соодветна заштита од делта сојот.

ЕМА изјави дека здравствените работници и вакцинираните со вакцини (Фајзер и Модерна) треба да бидат свесни дека постои можност за развој на симптоми на миокардитис и перикардитис. Според достапните податоци, овие симптоми се обично лесни и по одмор и третман има подобрување на здравствената состојба.

Фактот дека некој имал здравствени проблеми или починал по вакцинирањето не мора да значи дека причина за смртта била вакцината, според ЕМА. Ова може да биде предизвикано од други здравствени проблеми кои не се поврзани со вакцинирањето.

ЕМА и земјите-членки на ЕУ континуирано ги следат извештаите за несакани реакции по вакцинацијата за да откријат нови безбедносни проблеми.

На конференцијата беше истакнато дека ни требаат ефективни методи за лекување на заболените од ковид-19 за да се спасат животите на заболените и да се стави пандемијата под контрола. ЕМА во моментов ја проценува употребата на Олумиант кај хоспитализирани пациенти на кои им е потребен дополнителен кислород. Исто така ги следат резултатите од четири третмани со моноклонални антитела и нивните комбинации.

Агенцијата исто така соопшти дека го разгледува барањето за проширување на употребата на Фајзер вакцината на помлади луѓе, на возраст од 12 до 17 години, и очекува заклучок да се донесе до крајот на следната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This