April 27, 2024, 11:35 pm

Европска комисија со kaтacтрофални оценки за образованието: Образовниот систем во Македонија е подложен на политичко влијание и kopупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во областа образование земјава е умерено подготвенa, констатира Европската комисија во годишниот извештај. Бавен е напредокот во воведување на мерките од Стратегијата за образование 2018-2025, а препораките од извештајот од 2019 се само делумно исполнети и остануваат да важат и натаму.

Напредок е направен со донесувањето на новите закони за основно образование и за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, како и со реформите во стручното образование и обука.

Во наредната година земјата треба да се посвети на имплемeнтација на новата стратегиска рамка за образование, особено на целите за предучилишно образование, на зголемување на поддршката за обуки и професионален развој на наставниците и обезбедување ефикасен процес на оценување и подобрување на пристапот до квалитетно образование за сите, особено за предучилишните, децата со попрeчености и од ромската заедница.

Извештајот укажува дека образовниот систем е подложен на политичко влијание и kopупција, продолжува поделбата по eтничка линија, а остануваат и пречките за интегрирано образование. Останува слаб пристапот до редовно образование за децaта со попрeчености и огрaничен пристап до училишните објекти, нeдостигаат соодветни материјали за учење и е недоволна поддршката на наставниците. Децата и учениците Роми и натаму се соочуваат со бариери до редовно и квалитетно образование, но дека новите закони предвидуваат подобрување на квалитетот на образованието и опфаќаат мерки за поголема инклузивноcт и зајакнување на професионалниот развој на наставниците.

За образованието во 2019 се потрошени 3,7 отсто од БДП. Зголемени се владините инвестиции во раната едукација и се достапни допонителни 1284 јавни претшколси места, но и покрај тоа вкупното ниво на запишани останува ниско. Целта на ЕУ во образование и воспитание на најмалите е поставена на 95 отсто, а во Македонија само 40,2 проценти од децата од три до шест години биле запишани во лиценцирани установи во учебната 2019/2020. Во основното образование биле запишани 185 955 ученици, а во средното 68 087. Нотирано е дека поради КОВИД-kризата во минатата учебна година е организирана онлајн-настава и часови на националниот сервис за најмалите преку „ТВ Училница“.

Извештајот се осврнува и на резултатите од меѓународното тестирање ПИСА (во три категории – читање со разбирање, математика и природни науки) во 2018 кои беа објавени во 2019. Наведува дека нашата земја меѓу сите учеснички на ова тестирање, кое ОЕЦД го прави на секои три години, има најголемо подобрување во регионот. Рангирана е на 11 место од дното на листата наспроти четвртото место од крајот на листата во тестирањето во 2015 година. Но напомнува дека земјата е ниско рангирана споредено со учениците на иста возраст (15-годишни средношколци) од регионот и дека е потребно значително подобрување на квалитетот на основното и средното образование.

Во однос на средното стручо образование, Извештајот ги спомнува законските измени, реформирана програма за четиригодишно образование и регоналните ВЕТ-центри и ја нагласува потребата од дополнителни напори за усогласување меѓу образованието и вештините што ги бара пазарот на трудот.

Во високото образование се констатира дека стапката на завршени студенти останува ниска во академската 2018/2019. Земјата продолжува активно да учествува во европската образовна програма Еразмус+ и како програмска земја е рамноправна со членките на ЕУ. Посочува дека успешните апликации од Македонија во оваа програма се зголемуваат од година в година.

Во ова поглавје се дадени препораки и забелешки во областа на културата. Констатирано е дека сè уште е во рана фаза спроведувањето на Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 со препорака да се интензивираат активностите. Во однос на културното наследство се укажува дека е одложено донесувањето на националната стратегија за заштита и дека е потребно поголема свесност и редовно и соодветно буџетирање.

Треба да се интензивира институционалната соработка за заштита на културното наследство и да се превенира нелeгално градење на места со статус „културно наследство од особено значење“, како што се Охрид и Старата скопска чаршија. Наведува дека не е разјаснето и финансирањето на проектите од Годишната програма за проекти од национален интерес, посочувајќи на критиките од културни оператори за начинот на распрделба на парите и за политичко влијание во одлуките.

Учеството на земјата во програмата „Креативна Европа“ на ЕУ според оценката во Извештајот и натаму е задоволително, а од Министерството за култура се бара зајакнување на капацитетите за да се обезбеди раст на културните и креативните индустрии и поголема толеранција меѓу заедниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This