ЕВРОПСКИ МЕДИУМИ:Победата на Груевски е голема победа на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот парламент составен е од 123 места, од кои 120 се за претставници, изгласани во шест изборни единици. Секоја изборна единица располага со по 20 места, а преостанатите три места се вообичаено резервирани за Македонците кои живеат во странство. Поради пропорционалниот избирачки систем во Македонија од независноста па до денес, практично секој пат постојат проблеми за составување на цврста коалиција и исто така ќе биде и овој пат, бидејќи победничката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да коалицира со повеќе помали партии, за да го добие потребното парламентарно мнозинство, известуваат европските медиуми.

proslava-vmro-izbori-2016-18-custom

Политичка криза во Македонија трае од последните избори во 2014 година, тогаш СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ за политичка корупција и манипулација со избирачки резултат и од тие причини не сакаше да го признае резултатот. Социјал демократите се обидоа да ја срушат легитимно изгласана македонска влада и со аферата за прислушување, поради која Македонците беа принудени да одат уште еднаш на избори во декември годинава. Првичен договор беше изборите да се одржат во април, но СДСМ ги одложи бидејќи анкетите на јавното мислење не беа во нивна полза.

По затворањето на изборните места симпатизери на двете партии ги заземаа улиците и прославуваа победа; водството на СДСМ ја прогласи својата победа и се појави во јавноста во друштво на голема маса албански поддржувачи, кои ги вееја албанските и турските знамиња. Но, тоа беше сметка без стопан, бидејќи подоцна вечерта пред новинарските камери застана Влатко Ѓорчев, висок претставник на партијата на актуелниот премиер Никола Груевски и прогласи 10-та консекутивна победа на ВМРО-ДПМНЕ:

„Пак победивме. Денес, на 11-ти декември успеавме и по десеттиот пат!“

Врз Груевски почнаа со притисоци од Европската унија и НАТО, бидејќи им пречеше со својата националистичка политика. Актуелната македонска влада одлично реагираше на првиот бран економски мигранти од Сирија и другите азиски држави, застанувајќи им на пат на јужната македонска граница.

Победа на Груевски е голема победа и за Европа, бидејќи тоа значи балканската мигрантска рута да не се отвори пак и македонските власти, економските мигранти ќе продолжат да ги задржуваат надвор од нивните граници, а со тоа и надвор од Европската унија и шенген просторот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This