ЕДВАРД СНOУДEН СО ШOKАНТНИ ТВРДЕЊА: Мобилните телефони не шпиуниpaaт и кога се исклучени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едвард Сноуден, поранешниот вработен на американска ЦИA, соработник на НСA и откривачот кој во 2013 доби азил во Русија откако ја разоткри американската програма за масовно прислушување, гостуваше кај водителот на еден од најпопуларните подкасти во светот Џо Роган

 

Сноуден во гостувањето на подкастот Џо Роган експириенс, кое како и другите епизоди траеше речиси три часа, опиша како точно паметните телефони кои ги користиме не шпионираат и што можеме да направиме да го избегнеме тоа.

 

 

„Големото нешто што се смени од 2013 е што сега мобилното е на прво место“, кажа Сноуден, објаснувајќи дека пpислушувањетo денес главно се спроведува преку мобилните телефони бидејќи луѓето ги користат почесто од компјутерите.

„Имате мобилен некаде во просторијата. Мобилниот телефон е исклучен – барем екранот му е исклучен. Ако некој ви испрати порака, екранот живнува. Како се случува тоа?“, реторички праша Сноуден.

 

„Секој смартфон, секој мобилен генерално е постојано поврзан со најблискиот предавател. Дури и кога екранот е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете да го видите тоа бидејќи емисиите на радиофреквенции се невидливи, но тој вришти во воздухот, зборувајќи „тука сум, тука сум“… движењата на вашиот мобилен се вашите движења како личност и често се единствени и можете да бидете идентификувани преку нив“, му кажа тој на Роган.

 

 

 

Тоа значи дека кога и да го носите мобилниот телефон, кога е вклучен, постои запос за вашето присуство на тоа место кој го прават компаниите“, додаде тој.

 

„Тие не мора да ги чуваат тие податоци вечно, всушност и нема добра причина да ги чуваат вечно, но компаниите тоа го гледаат како вредни инфopмации“, напомена Снoyден, додавајќи дека тие податоци претходно биле привремени, но дека сега се чуваат засекогаш. „Нема врска дали сте направиле нешто погрешно или сте најобичниот човек на светот… бидејќи така функционира масовниот надзор“.

 

„Така се создава „соновната колекција“, што е еуфемизам на владите за масовниот надзор. Тие едноставно го собраат сето тоа однапред во надеж дека еден ден ќе биде корисно“, додаде „свиркачот“, јавувајќи се со видеолинк од непозната локација во Русија.

 

„А тука зборуваме само за тоа како се конектирате на мобилната мрежа. Не ги земаме предвид сите апликации кои контактираат со вашата мрежа почесто од вас. Мораме да го идентификуваме проблемот. А проблемот со користењето смартфони денес е што немате поим што прават во кој било момент“, истакна тој.

 

Посебен проблем со денешните смартфони е што не може да им се извади батеријата, како на старите „глупави“ телефони, со што се обезбедува деека не се тајно вклучени. Но за обичен човек доволно е едноставно да го исклучи телефонот, кажа Снoyден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This