ЕДИНИЦАТА НА АБХО ПРИ АРМ БЕЗ ОПРЕМА: Единицата за Атомска Биолошка и Хемиска одбрана имаат опрема со поминат рок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АРМ се соочува со дисфункционалност и недостаток на опрема и материјали. Од армиски извори дознаваме дека средствата за АБХ ( Атомска Биолошка и Хемиска ) заштита на армијата за четата за АБХО се со поминати рокови и не се одржуваат, а дури не им се вршат ни технички прегледи, со цел да се утврдат недостатоците и да се заменат неисправните средства со нови


АБХО единиците се принудени да импровизираат при својата обука, а по бројните реакции од нивна страна нема никаков одговор од надлежното министерство.

Опремата со која работи оваа едница на АРМ е составена од заштитни наметки, гас маски, ракавици и чизми.

Недозволиво е армијата да нема функционална АБХ опрема, ако се земе во предвид дека при најобична хаварија може да се јави потреба од интервенција на армијата, а истата да не може да реагира и со тоа да се стави во опасност животот на граѓаните и да се загрози животната средина.

Од извори во АРМ дознаваме дека подолг период веќе не функционираат радиоврските. Имено батериите на уредите за врски „Haris rf5800“ и „Моторола“ се пробиени и практично нефункционални последниве неколку месеци. И покрај настојувањата и укажувањата до министерството дека треба да се набават нови батерии, министерстово одобрило доволно средства за да се задоволат само 10 проценти од реалните потреби, со што само одредени единици ќе имаат функционални радио врски, а потребите на поголемиот дел од единиците ќе останат неисполнети.

Ситуацијава иако е смешна, е трагична за државата. Имено од вкупно 35 тенка колку што има Република Македонија, ниту еден не е функционален, односно немаат масло и гориво. 31 од постоечките тенкови немаат ниту акумулатори, а акумулатори има само за 4 тенка. Тенковската единица е во целосен аут.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This