ЕДИНСТВЕНАТА ЛИСТА НА КОЈА ЗАЕДНО ЌЕ СЕ НАЈДАТ ПРОФЕСОРКИТЕ АСТЕРУД И ПРОЕВА: Кој се интелектуалците кои застанаа зад кандидатурата за претседател на Силјановска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесетина професори упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Република Македонија. Според нив, потребно е да се наметне обединување зад личност кој се издигнува над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. Таква надпартиска личност, сметаат професорите, е професорката на Правниот факултет во Скопје. Гордана Силјановска-Давкова.

Потписници на повикот се:

Катица Ќулафкова, академик

Од нејзиниот докторат во 1984 таа е вработена на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност, и е на оваа позиција до денешен ден. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Била претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1978 година. Во 2003 таа е избрана за член на Македонската академија на науки и уметности.

Ќулавкова е добитник е на наградите: „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов)“, за поетска книга „Слеп агол“, „Димитар Митрев“, „Нарциса“, „Млад борец“, „Велја Кутија“, Награда „11 Октомври“ за култура и уметност во 2014 година.

Наде Проева, професор

Освен што е професор, Проева е и експерт по античка историја на УКИМ.  Таа е автор на книгата „Религијата на античките Македонци“. Професорката во својата фела важи за светски авторитет.

Каролина Ристовска-Астеруд, професор

Таа е професорка на правниот факултет Јустинијан Први, на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Ангажирана е во наставата на предметите: вовед во правото, филозофија на правото, политологија, вовед во политички науки и политички систем на ЕУ (ТЕМПУС мастер студии по европски институции и политики на постдипломските студии на политички науки). Од академската 2010/2011 година (па до неговото укинување) на Институтот по родови студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје го предава предметот „Жените и политиката“.

Таа е долгогодишен член на СДСМ, партија од чии редови беше и пратеник во македонското Собрание.

Фредерика Поповска-Павловска, професор

Редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје(1964). Магистрирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1970), а докторирала на Универзитетот во Брадфорд, В. Британија (1975). Имала повеќе студиски престои во Европа и САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1964 г., а како редовен професор од 1985 г. Била декан на Технолошко-металуршкиот факултет и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во пензија е од 2004 г. Подрачја: феномени на транспортот на движење, маса и топлина, дифузионосепарациони процеси, структура на полимерни материјали. Автор е на книги, научни трудови и истражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 563, од 26 ⅩⅠⅠ 1991 г., стр. 118; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје.

Билјана Ванковска, професор

Таа е доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Активна во невладиниот сектор и е јавен заговарач РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на бивша Југославија од 1991-2001. Има објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа.

Ванковска има објавено преку стотина книги, поглавја и научни статии, најголем број од нив во странство и на англиски јазик. Таа е член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни списанија (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris), а ведно таа била и прв уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Таа е активна и во повеќе меѓународни научни здруженија, како IPSA, ISA, IPRA, EuPRA, IUS on Armed Forces and Society, ERGOMAS.

Жидас Даскаловски, професор

Додипломски студии завршил на факултетот за политологија и историја на Американскиот Универзитет во Бугарија, во Благоевград, постдипломските студии на Катедрата за Југоисточна Европа на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта. Во септември 1998 ги започнал докторските студии на Катедрата за Политологија на истиот универзитет, и овој пат добивајќи целосна стипендија. Докторатот на тема Либерална Теорија и Нацио-создавање (Liberalism and Nation Building) го одбранил во Декември 2003 година и се стекнал со научниот степен доктор на политички науки. Прв е Македонски граѓанин што докторирал на овој етаблиран меѓународен универзитет. За време на студиите се стекнал со десет дипломи за завршени специјализирани школи меѓудругите и од Georgetown University и Robert Schumann Centre for Advanced Studies при European University Institute. Основач е во 2004 година и еден од главните аналитичари во Центар за истражување и креирање политики (www.crpm.org.mk). Во првиот семестар на учебната година 2004/5 професор е по предметот Јавна политика и масовни медиуми, и Споредбена јавна администрација на Катедрата по Јавна Администрација, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во вториот семестар на истата учебна година асистент е по предметот Полиција и човекови права, на Полициска Академија. Доцент е на Правниот Факултет на Универзитетот Кирил и Методиј од Декември 2005 година. До 2007 година предава на одделот за Политички Студии и тоа предметите: Политологија и Јавно мислење и масовни комуникации. Во 2007/8 година станува доцент на Факултетот за Администрација и Менаџмент на информациски системи (ФАМИС) при Универзитетот Климент Охридски. Предава: Вовед во политологија, Применета политика, Меѓународни односи на Балканот, Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, и Политики на ЕУ. Во 2009 година е добитник на наградата на Македонската академија на науки и уметности, Млад научник на годината, за своите трудови објавени во стручни списанија и книги.

Елка Јачева Улчар, професор

Професорката е една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците. Како експерт, редовно се огласува за актуелните теми за кои јавноста јавува голем интерес.

Михајло Миноски, професор

Универзитетски професор (во пензија), редактор на тематската област „Античка и средновековна историја, историја на турскиот период (посебно XIX и XX век); религии (ереси и секти), историја на црквите во Македонија“ на Македонската енциклопедија.

Главен интерес на неговите научни истражувања е политиката на големите сили и соседните балкански држави спрема Македонија во текот на XIX и XX век и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и независна држава. Автор е на повеќе од 200 научни трудови: книги, статии и прилози.

Никола Павловски, професор

Архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1962). Го предавал предметот проектирање индустриски и стопански згради. Никола Павловски  е познат и со архитектонско проектирање на стопански, на индустриски, на станбени и на деловни објекти. Учествувал и на анонимни архитектонски конкурси. Позначајни реализирани објекти: Фабриката за медицинска пластика во Тетово (1986), поштите со АТЦ во населбите Зелен Рид и Карпош во Куманово (1994). Се занимава и со научноистражувачка работа, посебно со проблемите на осветлувањето со дневна светлина во архитектонското проектирање и објавил повеќе трудови.

Богдан Богданов, професор

По магис­три­ра­ње­то (1982 г.), бил избран за асистент на Хе­мис­­киот факултет во Скопје. Во 1987 г. на Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје е избран за доцент по предметот органска хемија (за фарма­цевти), а во 1991 е избран за вонреден професор, во 1996 во звањето редовен професор -звање во кое се наоѓа и денес. Изве­ду­­вал настава по повеќе предмети: органска хемија (за двопредметната настава биологија-хемија), теоретска органска хемија (за хемичари) и органска хемија (за фарма­цевти). Учест­вува и во изведување на настава на постдипломските студии на Институтот за хемија, по предметите компјутери во хемијата и одбрани поглавја од теоретската органска хе­мија. Научноистра­жувач­ка­та работа му е од областа синтеза на органски сое­ди­не­ни­ја и тео­рет­ската органска хемија (семиемпириски и квантно­меха­нич­ки прес­ме­ту­вања на органски сое­ди­не­ни­ја). Досега објавил вкупно 50 труда од кои 16 во списанија надвор од Република Македонија (13 во списанија со impactfactor), 28 во списанија кои излегуваат во Македонија и 6 во зборници на трудови од научни собири. Неговите трудови се цитирани 86 пати во SCI. Бил раководител или соработник во неколку научноис­тражу­вач­ки проекти. Во два мандата (1991-1993 и 1993-1995 г.) бил шеф на Институтот за хемија.

Снежана Филипова, професор

Филипова е професор на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста со археологија, каде што ги предава предметите Средновековна европска уметност, Хералдика и Методологија на историјата на уметност. Објавила неколку монографии за средновековната уметност и повеќе научни трудови посветени на хералдиката во Македонија.

 

Костадин Тренчевски, професор

Професор на Природно-математичкиот факултет. Како асистент држел настава од десетина предмети, а како наставник држел настава по предметите: диференцијална геометрија, историја на математика, геометриски трансформации, геометрија, аналитичка геометрија со матрично сметање, математика I, теорија на броеви, множества и логика и алгебра. Главно подрачје на истражување му е диференцијалната геометрија, а исто така работи и објавува трудови од областа на гравитација, диференцијални равенки, алгебра, топологија и фракционални изводи. Досега има објавено 109 научни трудови. Во списанија надвор од Македонија има објавено 59 трудови, од кои 19 со импакт – фактор. Во списанија во Република Македонија има објавено 28 трудови. Во зборници на трудови надвор од Македонија има објавено 16 трудови, а во зборници во Р. Македонија

Ивица Милевски, професор

Универзитетски професор е на Природно-математичкиот факултет. Тој е творец на првиот географски портал во земјава – ИГЕО.

Јован Донев, професор

Поранешен дипломат и долгогодишен професор по политички науки.

 

Велика Стојкова Серафимовска, професор

Светски музички фолклор, традиционално пеење, група предмети од областа на етномузикологијата.

Валериј Софрониевски, професор

Тој е македонски класичен филолог, славист, фолклорист, преведувач, лексикограф и универзитетски професор.

Јани Бојаџи, режисер

Познат македонски режисер, со светски премиери и богато работно портфолио.

 

Ружица Манојловиќ, професор

Редовен професор, област преработувачка металургија.

Игор Улчар, професор

Еден од интелектуалците кои јавно бараа прекин на преговорите меѓу Македонија и Грција.

Константин Миноски, професор

Професор на Филозовскиот факултет.

Марија Ристевска, доцент

Таа е дипломиран правник, магистер по јавна администрација и Доктор по политички науки.

Драги Митревски, професор

Редовен професор на Филозофскиот факултет, Институт за историја на уметност.

Тихомир Стојановски, професор
Доаѓа од Факултет за Драмски Уметности.

Благоја Јанаков, професор

Професор од Филозофски факултет.

Петре Георгиевски, професор

Професорот во пензија од Филозофскиот факултет.
Јане Богданов, професор

Вонреден професор на Институт за хемија, ПМФ.

Виктор Ѓамовски, професор

Професор на УКИМ, Земјоделски институт Скопје, одделение за овоштарство.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This