ЕДИНСТВЕНА ПРОГРАМА КОЈА ЈА СПРОВЕДУВА ВЛАДАТА: „Тиранската платформа“ како примарна програма на СДСМ и владата на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тиранската платформа е единствената програмска определба која владата на СДСМ неуморно ја спроведува, реализацијата на планот 3/6/9 е минимална, а Македонија како заробена држава е се по далеку од стратешките определби, ЕУ и НАТО.

Имено по исполнувањето на клучната точка и насилното гласање на Законот за двојазичност на ред е ослободување на обвинетите екстремисти во случаите Сопот, Монструм и Диво Насеље.

Осудените за тероризам во случајот Монструм веќе се на слобода, а од семејствата на убиените велат дека се работи за политиканство, калкуланство и дека некој за цело ова време се обидува на нивната несреќа да собира политички поени. Специјалното Јавно Обвинителство упорно бараше да го води случајот Сопот, а откако го доби се откажа од случајот , бидејќи ,,наводно’’ немало доволно докази. Обвинетите во случајот Сопот се теретат за тероризам, односно за подметнување на нагазна тенковска мина од која загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин.

Судот одлучи да ги ослободи и да го одбие обвинението и обвинетите ги упати да бараат отштета. Ова е уште еден доказ дека Специјалното Јавно Обвинителство работи директно по директива на Зоран Заев и СДСМ и работи за остварувањето на неговите предизборни ветувања и концесии кон коалиционите партнери.

Додека терористи и убијци се на слобода Македонци патриоти ги преполнија македонските затвори, само бидејќи кренаа глас против Заев, СДСМ и антидржавните политики.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This