ЕДНА ГОДИНА ПО ПОПЛАВИТЕ: Граѓаните заборавија на калта и хаосот, но хуманоста никогаш нема да ја заборават!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година по поплавите во општина Гази Баба… Граѓаните велат дека благодарение на тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на Град Скопје, општината и градоначалникот Тони Трајковски, се функционира нормално. Хаосот за кратко време бил саниран, а тие веќе заборавиле на калта и повторно газат по асфалт.

-Изградбата на улиците во Стајковци 95 проценти е завршена, а населението е задоволно. Останаа само уште неколку кратки улички да се завршат и изградбата од општината би била комплетно завршена.

-Помина една година од катастрофалната несреќа во нашето место во Стајковци. Голема благодарност до општина Гази Баба и градоначалникот Тони Трајковски, до тогашната влада, до градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски што успеаја за многу краток временски период да се вратиме во нормала, што постојано беа покрај нас, што се направи многу за нашево место, за Стајковци.

-Една година по поплавата може да кажам дека ние повторно живееме нормално, се` се среди. Повторно газиме на асфалт, заборавивме на калта благодарение на општина Гази Баба, тогашната влада и на Град Скопје. Дај боже никогаш да не се повтори она што ни се случи.

– Пред една година овде беше хаос, катастрофа, сите видоа какво беше. Сега е се во нормала.

-Благодарение на општината и на државата, неверојатно многу брзо се` се санираше. Од едно место каде што личеше дека паднала атомска бомба, за едно 4 до 5 недели се врати се во нормала како никогаш да не се случило такво нешто, велат граѓаните.

Инаку, во поплавените подрачја асфалтирани се над 25 километри, а тампонирани се над 32 километри улици.

 

На поплаите потсети и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, која на својот ФБ профил ги сподели фотографиите од катастрофалните настани, но и хуманитарните акции кои ги спроведоа граѓаните на општина Гази Баба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This