(Видео)ШОКАНТНИ СВЕДОШТВА ОД МАКЕДОНСКИ БРОД: Горат куќи, пожарот се шири, државата уво не ја боли!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државата повеќе од 10 дена не може да ги изгаси пожарите кои избија кај Македонски Брод. Читател на Курир сведочи дека во селото Могилец досега се изгорени 5 куќи до темел.

Како што сведочи тој за Курир пожарот повторно бил активен и во селото Требовље, кај местото Круша и се движи кон Фојник и како што тој вели претставува закана за селата Брест и Косово.

Неспособноста на институциите во обидите да се изгаснат пожарите се закануваат и луѓе од други села да ги остават без кров над глава. Според зборовите на читателот на Курир, во селото Растеш пожарот се заканува да ги уништи куќите во местото Калец, каде веќе три дена евакуирани биле старица од 87 години и нејзиниот син со пречки во развојот, со помош на нивниот матичен лекар и сместени се во мојата куќа, вели за читателот за Курир.

Тој обвини дека ДЗС по медиумите се фали дека ги евакуирала и се грижела за луѓето, но како што вели тоа е лага, луѓето веќе три дена се евакуирани во неговата куќата и се грижи за нив, а од државата никој нема прашано дали тие луѓе имаат храна и лекови.

Според зборовите на читателот на Курир, пожарот со голема брзина се шири кон селото и кон местото Горна Река, каде има трло со животни, граѓаните бараат, но сите се глуви, вели тој.

Граѓаните со разочарани од однесувањето на институциите, бидејќи тие не можат скоро 2 недели да изгасат пожар, кој под прашање може да ги донесе и нивните живот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This