ЕДНО ЕКСПЕРТСКО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ОХРИД: м-р Ивица Милевски со научно објаснување за причината за земјотресите во Охрид и охридско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатите 15-тина дена, охридското подрачје е зафатено со серија на слаби до умерени земјотреси, чиј вкупен број достигна над 1000. Причината за нивната појава е акумулираната сеизмичка енергија долж раседите покрај северната страна на планината Галичица, особено на нивниот пресек. Всушност, споменатите раседи го одвојуваат тектонскиот блок на планината Галичица, од блоковите на Охридскиот и Преспанскиот грабен (котлина, депресија). Поради регионалните притисоци и поместувања (треба да се знае дека подрачјето на Македонија е во близина на зоната на главниот судир – субдукција на Африканската и Европската континентална плоча), овие блокови со текот на времето собираат голема енергија на напрегање. По надминување на критичната точка, се јавува поместување и ослободување на насобраната енергија – нешто што го регистрираме како земјотрес (за повеќе информации види овде). Тоа значи дека овие 15-тина дена, со секој нов земјотрес, доаѓа до мало поместување од неколку милиметри, на блоковите на Галичица, Охридска и Преспанска депресија – природен процес, кој трае со милиони години, а ќе продолжи и во иднина.

Раседни структури (црвени линии) и сеизмичкиот јазол (кругот) североисточно од Охрид, каде се јавија најголем број земјотреси во последните 15 дена.
Раседни структури (црвени линии) и сеизмичкиот јазол (кругот) североисточно од Охрид, каде се јавија најголем број земјотреси во последните 15 дена.

Со денешната состојба на науката и технологијата, никој не може со 100% точност да предвиди кога, каде точно и со колкава јачина ќе се случи некој земјотрес, а истото важи и за

Максимална појавена и очекувана магнитуда и интензитет на земјотреси во ЈЗ дел на Македонија (според Јанчевски, 1987; Арсовски, 1997 и др.).
Максимална појавена и очекувана магнитуда и интензитет на земјотреси во ЈЗ дел на Македонија (според Јанчевски, 1987; Арсовски, 1997 и др.).

Охридското подрачје. Сепак, од историски извори и сеизмички следења, познато е дека областа помеѓу Охридско и северна Преспа е сеизмички активна. Статистички, според историски податоци и реконструкции, во Охридското епицентрално подрачје, силните земјотреси над 4.5М се многу ретки (на 50-100 години), со и над 5М се уште поретки (на 150-500 години), а со и над 6М на околу 2000 години еднаш. Според геолошко-седиментолошки записи, најсилен земјотрес во Охридско-коселската област во холоценот достигнал 6,1-6,5М (малку појак од скопскиот во 1963 година), а нешто послаб земјотрес се случил во VI век, со околу 5.8-6М. Во областа, посилни и почести земјотреси се забележани на јужниот брег на Охридското Езеро кон Поградец и Корча, со магнитуди до околу 7М. Значи во однос на некои останати сеизмички активни подрачја во Македонија (Валандовско, Скопско, Дебарско и др.), Охридското е со значително помала зачестеност на силни и катастрофални земјотреси (над 6М).

Последната серија земјотреси, од крајот на јуни и почетокот на јули 2017-та година, имаше длабочина на жариштето од околу 2-10 km. Длабочината на досега најсилниот земјотрес од 5М од 10 km е одговорна за големата регионална распространетост до радиус од околу 150 km (колку жариштето е поплитко, толку генерално распространувањето е поограничено). Иако тешко може да се предвиди, шансите за посилен земјотес од веќе случениот од 5М (во однос на максималните забележани, типот на раседите и локалните блокови) е мала и во овој период не би требало да се очекува. Според магнитудата, тоа е умерен земјотрес и обично не предизвикува поголеми штети. Во

случајот со Охрид, проблем е големиот број постари објекти кои претрпеа штета заради слабата градба, доградбите, надградбите, разни

градежни додатоци и сл. Она што треба да се очекува се поголем број последователни земјотреси (т.н. афтершокови) кои постепено ќе слабеат и ќе се проретчуваат во следните денови и недели. Всушност, една од спецификите на „Охридските земјотреси“ беше малата

разлика помеѓу главниот удар, предшоковите и постшоковите (5М, 4.2М, 4.1М…), поради што тешко можеше со сигурност да се потврди главниот земјотрес.

Треба да се напомене дека земјотресите во Охридско немаат и не може да имаат никакво влијание за појава на последователен земјотрес во други делови на Македонија, освен во самата Охридска депресија на Македонска и Албанска страна, потоа во северниот дел на Преспа и соседните депресии на југозапад во Албанија. Делумно може да предизвикаат

Причина за земјотресите: компресија од западната страна – Јадранска плоча кон Западно-македонската тектонска зона и последователна екстензија (развлекување) во јужен правец.
Причина за земјотресите: компресија од западната страна – Јадранска плоча кон Западно-македонската тектонска зона и последователна екстензија (развлекување) во јужен правец.

зголемено напрегање на Илинско-Плакенскиот блок, со сосема мала веројатност за „пренос“ на напрегањата во Дебарско. Причината е локалното потекло на земјотресите во овој Охридско-коселскиот сеизмички јазол. Доколку во наредниот период се појави земјотрес во другите региони на нашата држава (освен наведените), тој нема да „произлезе“ од Охридските земјотреси, туку од локалните геотектонски и сеизмички состојби.

Во однос на последиците на земјотресите во Охридско, треба да напоменеме дека нема никаква опасност од „ерупција на Косел“ (освен минимално зголемено исфрлање на гасови). Всушност, сосема погрешна е шпекулацијата во медиумите за некаков Коселски вулкан и сл. Нема вулкан во Косел, ниту некогаш ќе има, туку станува збор за солфатара (со делумен карактер и на мофета) од која избива сулфур водород и во помала количина јаглерод диоксид. Се смета дека солфатарата е остаток од некогашната вулканска активност на овие простори, која завршила пред околу 15 милиони години (последниот вулкан на подрачјето на Македонија престанал да функционира пред околу 2 милиони години). Поврзаноста на пукнатините на Косел со гасните комори на длабочина од неколку стотици метри, овозможува перманентно исфрлање на гас со послаб или посилен интензитет. Денес, длабочината до магма-зоната под Косел и Охридско (а и територијата на Македонија) е над 60 km, нема плиток магматски-лавичен резервоар, ниту ултра длабока дислокација, а со тоа нема ни теоретски шанси за појава на било каков вулкан во областа. Во таа смисла, Косел ќе продолжи да функционира онака како што исфрла гасови со векови, а

Солфатарата „Дувало“ кај с.Косел – типична појава на исфрлање на сулфурни гасови во некогашни вулкански области.

земјотресите во областа може само незначително да влијаат на концентрацијата на исфрлените гасови. Уште помала е шансата за појава на мини-езерско цунами (тоа би можело да се појави само доколку настане огромен одрон или свлечиште кон езерото, меѓутоа, засега нема услови за такво нешто).

Значи според очекуваната дури и максимална магнитуда, типот на подлогата под Охрид, еластичноста на карпите и др., нема потреба од страв за некаков разорен земјотрес или големи штети и жртви. Единствено треба поголемо внимание ако се живее или се поминува покрај стари објекти без бетон и арматура и со издадени балкони, настрешници, лимени и други додатоци, високи оџаци и др. и тоа особено во следните

неколку денови додека трае земјотресната серија и особено во селските населби кон епицентралниот дел. А „вулканот Косел“ е само медиумска измислица („атракција“), која може да биде полезна единствено за туристички цели – нема никаква реална основа.

Автор: д-р Ивица Милевски
иГеографија.мк

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This