Едно од опожapeните возила пред ЈП „Улици и патишта“ е на oбвинител од СЈО и кум на адвокатот на 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Eдно од оппожарните возила пред ЈП „Улици и патишта“ е во сопственост на обвинителот на поранешното СЈО, Гаврил Бубевски.

Се работи за автомобил марка „Шкода“ кој бил паркиран на јавен простор веднаш пред возилото кое експлодирало марка „Нисан“.

Според В.Д. директорот на Улици и патишта, Борис Настов и противпожарната бригада пожарот во претпријатието настанал токму поради експлозијата на возилото кое било паркирано зад возилото на обвинителот.

И министерството за внатрешни работи соопшти детали за пожарот во кој изгоре бараката на ЈП „Улици и патишта“.

Пријавата ја добиле околу 01.15 часот дека на ул.„Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје.

Од иницијалите од министерството потврдуваме дека едно од возилата е на обвинителот.

-Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

Гаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на премиерот во оставка Зоран Заев.

Бубевски го застапуваше обвинителството во неколку високо профилни случаи меѓу кои Монструм и Титаник 3 единствен случај во кој од поранешното СЈО му се судеше на функционер на ДУИ и имаше осудителна пресуда која во повисоките судски инстанци беше поништена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This