ЕКОНОМСКА KATAKЛИЗМА ВО СВЕТОТ: Кopoнавирусот ја „тpecе“ и Македонска Берза – цените на акциите во пaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронавирусот ја тресе и „Македонската Берза“ -падот и агонијата на светските берзи се прелеа и на домашниот пазар на хартии од вредност. Македонските компании губат од својата вредност – од понеделникот до вчера не прекина падот на цените на акциите. Само денешното тргување заврши во мал плус на индексот МБИ 10 кој изнесуваше 0,75 проценти на крајот на берзанскиот ден. Брокерите велат има неизвесност кај домашните инвеститори, но има и такви кои го користат моментот да купат акции по пониски цени.

Тие случувања на меѓународните пазари се проследија и на домашниот пазар на хартии од вредност каде денеска прв ден бележиме некоја стабилизација. Ние имаме и повлекувања, меѓутоа имаме и уплати. Нето ефектот да речеме денеска е неутрален можеме д аимаме повеќе уплати отколку исплати ќе видиме до крајот денот уште не е завршен, вели брокерот Андреј Пулејков.

Падот на акциите започна во понеделникот, кога македонскиот берзански индекс отиде во негатива од 0,27 проценти. Најголем пад имаше во вторникот и во средата 2,3 проценти и 3,18 проценти.Продолжи во негатива од 1,67 проценти и во четвртокот, за денеска да има мала стабилизација.

Но никој за сега не може да ги измери штетите врз домашната економија.

Берзите ширум светот минуваат низ најтешката недела после глобалната економска криза 2008. Епидемијата со корона вирусот доведе до нестабилност на светскиот пазар и предизвика пад на акциите.

Низ цела Азија тргувањата се значително намалени бидејќи има стрмоглав пад од Вол Стрит поради загриженоста од коронавирусот која се прошири низ целата земја, па дури и на берзата во Хонг Конг и Кина која предходните денови се држеше релативно стабилна. Но денеска сите имаме исто чувство за целата ситуација, вели Џексон Вонг, директор Амбер Хил Капитал Лтд.
Властите во кина објавија за 327 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, како и за 44 лица починати. Така, вкупниот број заразени лица достигна 78.824 и починати – 2.788 лица, соопшти денеска државниот комитет за здравство на Кина. Податоците од СЗО говорат дека врусот се шири вонови земји и за првпат е регистран во Естонија, Данска, Холандија, Литванија, како и Нигерија. На целокупното европско тло досега се регисрирани 774, од кои што 650 се во Италија. Трговците на интернет, кои наплаќаат неверојатно високи цени за заштитни маски за лице и други производи што ги рекламираат како заштита од коронавирусот, ќе се соочат со кривични пријави во Италија. Финансиската полиција објави дека открила луѓе што продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче.

Бројките на заболени на Балканот се следни – четврт потврден случај на заразен со новиот коронавирус во Грција, а два нови случаи во Хрватска.

За првпат куче во Конг Конг е заразено со новиот коронавирус. Кај кучето е регистрирано „ниско ниво“ на вирусот, соопштија властите. Се работи за куче кое е домашно милениче и дополнителни анализи треба да утврдат дали кучето е заразено или само преносител преку устата и муцката. Кучето во моментов е во карантин за животни.

Замени се примероци за тестирање на овие домашни миленичиња и откриено е дека едно куче е слабо позитивно на тестот. Значи не е сигурно дали кучето навистина боледува од инфекцијата или е тоа само инфекција во устата и носот. Значи понатамошните тестови ќе продолжат врз кучето, се додека резултатот од тестот не биде задоволучавки и тоа да се врати кај споственикот, изјави Д-р Џуанг Шук-кбан, Центар за заштита на здравје Хонг Конг.

На голем број туристи во хотел во Тенерифе, во Шпанија кои беа ставени во карантин поради сомнежи од коронавирус, им беше дозволено да ги напуштат просториите денеска. Стотици туристи мораа да останат во палата Коста Адеје под карантин, откако четворица гости имаа тестови позитивни на КОВИД-19.

Извор: Телма

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This