Експертите дeцидни: Синоќешниот земјотpec пocилен од тој во 63та

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотресот со магнитуда од 6,4 степени е посилен од скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година, вели за Фактор Михаил Гаревски, поранешен директор на реномираниот скопски Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија.

–Овој земјотрес не е за изненадување, бидејќи Албанија е многу посеизмички активен регион од Македонија. Албанија е сеизмички активен регион, бидејќи таканеречената микројадранска плоча се подвлекува под Динаридите. За вакви магнитуди очекувано е да има дури и поголем број жртви и многу помасовни урнувања и повреди – вели Гаревски.

Тој за Фактор вели дека набргу ќе оди во Албанија, кај колеги со кои соработувал и им бил професор, и според него, голема е веројатноста да има голем број оштетувања.

–Ваква магнитуда нормално е да се почувствува и во поширокиот регион, затоа и не е за изненадување што се почусвтува и во Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија…, и тоа воопшто не е за изненадување – вели Гаревски.
Тој со порака до нашите граѓани дека се безбедни, од неколку апекти.

–Сите објекти во земјава кои се изградени после 1963 година се доста сигурни, и иако се очекува да има уште многу афтершокови како последица на главниот удар, тие можеби и ќе се почувствуваат кај нас, но граѓаните да не се плашат воопшто. Ова и од причина што поради оддалеченоста, ниту еден од овие афтершокови, поради атенулацијата на забрзувањето, не може да доведат до никакви оштетувања на било кој објект на територијата на Македонија. Ниту, пак, може да се очекува дека овој земјотрес во централното подрачје на Драч да предизвика активирање на некој од сеизмички активните региони во Македонија – вели Гаревски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This