ЕКСПЕРТИТЕ ЕДНОГЛАСНИ ПО ПРАШЊЕТО НА СЈО: Сценариото на СЈО и политичката криза во Македонија е со една единствена цел, да се смени името, идентитетот и да се прифатат договори во интерес на соседите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева, Александар Даштевски, Никола Србов и Стефан Влахов Мицов денеска учествуваа на трибината „Павел Шатев“ посветена на Специјалното јавно обвинителство, но и на сите политичко правни случувања во изминативе три години.

 

Во Република Македонија веќе на сите им е јасно што се случува во изминативе три години и кои се политичко-правните консеквенции од оваа вештачко наметната политичка криза која е многу добро исценирана и која се одвива во неколку етапи. Сценариото за жал се уште не е завршено па од тука во наредниве месеци ќе бидеме сведоци на уште повеќе турбулентни политички состојби во државата кои се наметнати од една единствена причина да се сруши државата, да се избрише македонскиот идентитет и да се прифатат некои договори, вели професорката Тања Каракамишева во денешната трибина „Павел Шатев“.

-Целото сценарио му е јасно и на дете од градинка, но она што како професор по уставно право сакам да прашам зошто се постави прашањето за правниот систем на глава и која е целта на ваквото деформирање на правниот систем и што е последната поента прашува Каракамишева? Во Македонија нема владеење на право и правна држава и допрва ни следи инсталирање на правна држава со инсталирање на тоталитарна правна структура во системот која што нема да трпи никаква критика и различни мислења од актуелната власт, се со цел да се протнат сите ветени работи од страна на премиерот Заев и едноставно да се решат сите спорни прашања кои изминативе 27 години буквално ни висеа врз нас. По завршување на сите овие прашања Македонија не би преставувала проблем на Балканот и би функционирала на начин кој го наметнува меѓународната заедница, истакна Каракамишева.

Таа вели и дека доминантна би била волјата на амбасадорите и соседите, а не на народот на оваа земја.

-Владеење на право не е кога владее неправо и кога се крши Уставот, законите и сите можни прописи во државата, во Македонија последните три години бевме сведоци на селективно применување на Устав, закони, деловници на собрание, деловници на Уставен Суд, а се со цел да му се угоди некому и да се постигне целото предвидено сценарио. Владеење на право не е ако СЈО го ослободува актуелниот премиер, а сите знаеме што се случуваше со случајот „Пуч“, владеење на право не е ако СЈО не почитува судска пресуда, а тоа е во врска со незаконското преслушување, владеење на право не е ако Заев руши рекорди на недоаѓање на суд. Владеење на право не е ако Специјалната јавна обвинителка се избира без јавен оглас и исполнување на одредени критериуми. Владеење на право не е избирање на правна институција на крајно политички начин, ние во моментов имаме селективна правда, а секоја селективна правда е неправда, вели Каракамишева.

Таа потенцираше и дека владеење на право е кога се почитуваат сите човекови права и слободи на сите подеднакво без разлика дали си обичен граѓанин, политичар или пак новинар.

-Не може да важат законите за нас обичните смртници, а да не важи за оние кои се инсталирани однадвор и целата држава да ја стават наопачки поради лични интереси, рече Каракамишева.

 

 

Во последните три години со наметнатата политичка криза само се докажува како можеме од еден релативно мал проблем, т.е од една дупка во чорапот  можеме да уништиме држава. СЈО е дел од пржинскиот договор, а пак тој договор е дел од циркузантскиот политички процес во изминативе три години, вели Стефан Влахов Мицов.

-Се започна со бојкотот на собранието од страна на Собранието, тие наместо да распишат парламентарни избори седеа дома и земаа плата, во секоја нормална држава ако некој отиде кај премиер или претседател да го уценува тој излегува со лисици на раце, а кај нас не беше така. Секаде во светот ако се прислушуваат разговори, се почнува гонење против снимателот, а не за содржината, ште кога беше потпишан договорот за СЈО беше јасно што ќе прави тоа, истакна Влахов-Мицов.

Тој потенцираше и дека во ниедна нормална држава законите на СЈО да се над законите во државата.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата и во времето на СДСМ владата беше задолжена но во едниот случај гледаме градби, а истовремено при градењето велат дека имало и крадење. Во владеењето на СДСМ гледаме не е дигнат ниту еден ѕид и прашувам каде се украдени парите? Секој може да си пресмета колку чинат спомениците од проектот Скопје 2014 и тие истите пари наместо да градат СДСМ ги украде во нивното владеење, рече Влахов-Мицов.

Тој истакна и дека има многу докази дека владата меѓу Заев, Ахмети и Заев е водена од надвор и дека на светот му се брза за уништување на Македонија, нејзино менување на името, влез во НАТО и остварување на голема Албанија.

-Влегувањето во НАТО не значи зачувување на границите, тоа значи остварување на голема Албанија и тоа на мирен начин, затоа што тоа веќе е внатрешна работа на НАТО, изјави Влахов Мицов.

 

 

Со прес-конференцијата од пред два дена сериозно е загрозена демократијата во Република Македонија и тоа прво е загрозена парламентарната демократијата која треба да биде основа за функционирањето во светот, затоа што е нападната најголемата политичка партија во Македонија исклучиво од политички причини со политички средства за да се ослабне и да може да се изведат некои операции во државата, од кои главната е промена на името, истакна аналитичарот Александар Даштевски на денешната трибина во организација на Институтот „Павел Шатев“.

-Не треба да говориме за тоа дали е или не е политички орган СЈО бидејќи начинот на кој беше избрано го прави политички орган. Сето ова е продукт на една хибридна војна која се изучува во светот последните 70 години, но не сме биле сигурни колку тоа земало замав. Во таа хибридна војна некои работи воопшто не се ни решаваат. Главната цел било да се тргне оваа партија која е на власт бидејќи ги застапува националните интереси, а на нас ни треба слепо послушна влада која ќе ги исполнува целите кои некој ги зацртал во геополитиките. СЈО како еден орган ги спроведува овие работи, вели Даштевски.

 

 

 

СЈО откако се создаде гледаме дека се претвори во партиска полиција на СДСМ, а СДСМ посакува да има свое партиско обвинителство, полиција, а гледаме дека тежнее или ита кон тоа да направи и партиско судство, вели Никола Србов.

-СЈО со последната своја прес конференција докажа дека е партиска инквизиција во Република Македонија и потребно е секој не истомисленик на СДСМ да биде дисциплиниран преку монтирани случаи и да биде обвинет и истиот да биде затворен, но пред се целта е тој да биде оцрнет и понатаму да не може да делува политички. Целта на СЈО е да се урне политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, да се оцрни нивниот лидер како и оцрнување на раководството, бидејќи тој лидер е единствен кој што направил толку големо обединување на политичката десница во државата, но и помеѓу самите граѓани и лидер кој добил нај веќе гласови на парламентарни избори, рече Србов.

Тој потенцираше дека не е проблемот Никола Груевски или раководството како личност, проблемот е тоа што овие личности се поставија како браник меѓу националните интереси на Македонија.

-Целото сценарио се состои од видео изменување на Македонија и едноставно пречката треба да биде отстранета, а пречката е ова раководство и лидер. Тие посакуваат на чело на оваа партија да застане нов член кој ќе биде со свиткана кичма и воопшто нема да биде со идеалите и идеите на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не успеат да дојдат до тоа раководство и менување на лидерот, крајната цел е урнување на оваа партија, вели Србов.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This