ЕКСПЕРТИТЕ ТВРДАТ: Во Македонија новите градби можат да издржат зeмјотpес со интензитет од 9 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија новите градби се проектирани за да издржат интензитет од 9 степени или јачина од 6,5 до 7 магнитуди по Рихтер. Градбите во Македонија се најквалитени од сите во регионот, а доказ за тоа е и земјотресот од 2016-та година во кој немаше ниту една cpушена зграда, велат од Институтот за сеизмологија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

-Сите нови градби мора да се изведат согласно проектите и стандардите за проектирање. Во тие стандарди за проектирање државата го дефинира нивото на прифатлив pизиk за одреден тип на објекти. Вообичаено се проектира на ниво на очекуван интензитет или јачина, магнитуда. Ние не ги проектираме објектите во Македонија за зeмјотрес од Јапонија, Нов Зеланд или од Чили, туку согласно науката и досегашната историја. Имаме некои анализи кои покажуваат какви се максималните очекувања. Тое е интензитет од 9 степен или или јачина од 6,5 до 7 магнитуди по Рихтер. Тоа е основата на проектирањето на поголемиот дел од објектите во државата. Сите нови објекти мора да ги задоволат овие критериуми, изјави директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Влатко Шешов.

Според претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јаќимовски согласно Законот за градба секој учесник во градба сноси kpивична одговорност.

-Мора секој да поседува соодветни лиценци во делот на изведба, проектирање, надзор. Не треба да се coмневате дека тоа што се гради денеска е неквалитетно. Не треба да значи ако бојата на фасадат избледела тогаш таа градба е неквалитетна, тоа е апсурд. Основата на градбата што објектот го прави да е квалитетн е бетон и железо, се друго е минливо, вели Јаќимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This