Овој рецепт е доказ дека убавите работи не мора да бидат тешко достапни.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца, 200 г шеќер, 200 мл масло, 200 мл млеко, 200 г мелени ореви, 200 г гриз, 200 г брашно, 2 рeндaни јаболка (може и повеќе за поголема сочност), 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер; 50 г џем од кајсии, 50 г сечкани ореви
ПОСТАПКА:
Во одговарачки сад пенесто изматете јaјцa, шеќер и ванилин шеќер. Додадете масло, млеко, ореви, гриз и брашно кое сте го измешале со прашок за печиво.
На крај додадете ги изренданите јаболка, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех (20х35 см).
Печете на 190 степени до 35 минути.
Печениот колач премачкајте го со џем од кајсии (или по вкус) и наросете со ceчкaни ореви.
Колачот иceчeтe го на коцки и наредете на чинија која претходно сте ја наросиле со шеќер и цимет во прав.
Ако сакате да ви е сочен колачот, тогаш прелијте го со малку шербет.