(ВИДЕО) ЧОКОЛАДНИ И ПОСНИ ОБЛАНДИ: Готови за само 15 минути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

РЕЦЕПТ 1
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл вода, 400 г шеќер, 200 г мeлeни посни бисквити, 100 г чоколадо за готвење, 125 г маргарин, 1 пакување обланди

ПОСТАПКА:

Шеќерот и водата кратко сварете ги. Тргнете од oгaн и додадете мeлeни бисквити, па мешајте додека да се згусне. Потоа во смесата додадете чоколадо искршено на коцки и мешајте додека и тоа да се растопи и соедини со смесата.

Смесата оставете ја да излади (да биде млака) па додадете изматен маргарин. Со млаката смеса филувајте ги обландите.

Изладената обланда поклопете ја (со нешто тешко) за убаво да се стисне. Рецептот е многу брз и убав.

РЕЦЕПТ 2
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г шеќер, 500 мл вода, 100 г посно чоколадо, 250 г маргарин, 1 ванилин шеќер, 4 лажици брашно, 1 портокал – рендана кора, 1 пакување обланди

ПОСТАПКА:

Во 100 мл ладна вода додадете брашно и ванилин шеќер, па добро измешајте. Шеќерот растопете го во тенџере додека да се карамелизиа, па тргнете од oгaн и додадете 400 мл вода, маргарин и чоколадо. Мешајте на тивок oгaн додека да проврие.

Потоа додадете го приготвеното брашно и ванилин шеќер, па варете три минути со постојано мешање додека да згусне. Додадете рендана кора од портокал и оставете филот добро да излади. Можете на крај да го изматите убаво со миксер.

Обландите рамномерно филувајте ги, па малку притиснете ги со нешто тешко за подобро да се залепат.

РЕЦЕПТ 3
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување обланди, 700 г шеќер, 250 мл вода, 250 г маргарин, 2,5 лажици какао, 300 г мeлeни бисквити

ПОСТАПКА:

Прво ставете ги водата и шеќерот да провријат, па тргнете ги од рингла. Додадете маргарин иceчкaн на листови, мелените бисквити и какаото. Мешајте додека смесата да се соедини.

Оставете околу 3-5 минути малку да подизлади, па со топлата смеса се премачкуваат обландите. На крај се притиска со нешто тешко одозгора и се остава да се стегне неколку часови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This