ЕЛЕМ И ДУТ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА: Студенти од ДУТ на пракса во ЕЛЕМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници на Државниот универзитет во Тетово и компанијата ЕЛЕМ денеска во ректоратот на ДУТ потпишаа меморандум за соработка помеѓу овие две институции.

Според проректорот за настава на ДУТ Решат Ќаили, соработката со ЕЛЕМ е значајна за ДУТ а особено за студентите од техничките науки и Економскиот факултет.

– Освен теорија за своите студии студентите од посечните факултети и програми ќе имаат можност за пракса во капацитетите на ЕЛЕМ. Истовремено за шест студенти ќе има и стипендии од оваа државна компанија така што нашите студенти имаат можност за стекнување пракса и искуство, но и идеи и работи од нивен интерес изјави Ќаили.

Генералниот директор на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски посочи дека освен континуираното образование на инжинерско техничкиот кадар ќе бидат организирани семинари и работилници и од овие две институции, но и на други чиј делокруг на работа е од интерес на ЕЛЕМ.

– Меморандумот за соработка предвидува и можност за стипендирање студенти од завршните години но и на постипломци од насоките и програмите од интерес на нашата компанија и доколку покажат соодветни резултати и нивно вработување во ЕЛЕМ рече Мицкоски.

Заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани посочи дека ова е прва соработка на ЕЛЕМ со некоја високообразован институција во земјава и најави дека слични договори ќе се потпишат и со останатите државни и приватни универзитети во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This