- Advertisement -
Македонската фудбалска репрезентативка Ели Јаковска направи интернационален трансфер и ќе игра во Бугарија.
25-годишната напаѓачка играше во Турција, но си замина. Следен клуб ќе ѝ биде Стара Загора од Бугарија. Таму тукушто започна лигата, а екипата има една убедлива победа од 8-0 во првото коло.
Девојката која некогаш беше најдобар стрелец во македонскиот фудбал во Турција играше за Измир и Бешикташ, а има уште неколку други авантури во странство.