ЕМ СТАНЧЕ, ЕМ ПЛАТИЧКА: Сашо Василевски „лапнал“ стан од „Империја“, а Катица ја вработила ќерка му во СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што си го имале „на ти го, дај ми го“ на приватен план, екс-шефицата на СЈО Катица Јанева ја вработила и ќерката на својот близок приватен, можеби и интимен пријател Сашо Василевски познат во јавноста како директор на МЕПСО

Ќерката на Василевски, Марија Василевска цела 2019 година добивала плата од 30.000 денари или до септември – и покрај тоа што Јанева беше во притвор. Па така, Марија добила 240.000 денари хонорар од СЈО.

Но, освен платите од обвинителството за неговата ќерка, Сашо Василевски „ќарил“ и стан во зградите на еден од обвинетите во случајот „Империја“. Така, веднаш по отварањето на истрагата против осомничените бизнисмени, Јанева наредила извршување на една од зградите на осомничените.

На сите освен на еден стан.

Таа се правдала дека станот бил на нејзина пријателка која едвај успеала да го купи, и сега би било греота да биде одземен, поточно, замрзнат од страна на обвинителството. Иако обвинителите кои работеле на случајот се противеле, на крајот, по силно инсистирање на Јанева станот бил изземен од истражните дејствија на обвинителството. Подоцна, обвинителката Лиле Стефанова пак дознала дека станот не е на пријателка на Јанева, туку напротив.

Станот кој бил спорен за Катица Јанева, бил стан на Сашо Василевски, директор на МЕПСО за кој скопската чаршија на големо зборува дека е близок, можеби и интимен пријател на екс-обвинителката која се прослави со случајот „Рекет“.

И така, Василевски ем стан, ем плата за ќерката.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This