Енepгетските компании сакаат да ги оцpнaт opганизаторите на протecтите за cкaпата стpyја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници на иницијативата „Доста е“ која одржа неколку протести поради зголемената цена на електричната енергија денеска одржаа прес-конференција на која истакнаа наводи дека енергетските компании сакаат да ги оцрнат нивните активности.

Аријанит Џафери оценува дека граѓанската реакција станува се посилна.

Неодамна беа направени разни напори од страна на овие компании за да се оцрни граѓанската волја и организирањето на организацискиот совет. Од внатрешни извори во овие енергетски компании ни доаѓаат информации дека се подготвуваат сценарија за да се наруши довербата на луѓето во организацискиот совет. Една од тие сценарија што тие сакаат да ни го препишат е согорување на трафостаниците во неколку градови во земјата. Ова се прави со цел да се дефокусира нашата чиста цел и да се предизвика незадоволство кај луѓето од иницијативата. Но треба да знаат дека овие сценарија нема да „пијат вода“ кај луѓето, тие се обидуваат да претстават друга измислена реалност од тоа што граѓаните го знаат, а тоа се високите сметки на скапата електрична енергија. Овие подуени гасеници кои крадат од општеството треба да знаат дека народниот гнев ќе ги присили да се повлечат од ваква навика. Ние не можеме и нема да се повлечеме се додека не се исполнат барањата на организацискиот совет, барања што прозилегуваат од сиромаштијата и социјална потреба, истакна Аријанит Џафери.
Оваа иницијатива повторно в петок најавува протестен марш, овој пат од градскиот плоштад во Тетово се до објектот на енергетската компанија ЕВН Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This