ЕПИДЕМИЈАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Досега починале 131 лице, а заболени се скоро 5 000

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од последици на коронавирусот во Кина досега починале 131 лице, а заболени се повеќе од 4.600.

Бројот на починати во провинцијата Хубеи до синоќа се зголеми за 25, со што нивниот вкупен број изнесува 125.

Како што соопштија здравствените власти од провинцијата, каде има најмногу заболени, до синоќа биле пријавени 840 нови случаи, а вкупно со коронавирусот се заразени 3. 554 лица, пренесуваат британските медиуми.

Најголемиот број жртви и пациенти се од Вухан, главниот град на провинцијата, каде вирусот првпат беше регистриран.

Во светот досега се потврдени повеќе од 70 случаи на заболени од коронавирус, пренесе Си-Ен-Ен

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус, на која соопшти дека во моментов Кинезите сериозно се борат со епидемијата.

-Безбедноста и здравјето се најважни за луѓето, затоа во моментов контролата врз ширењето на вирусот е наша основна задача, рече кинескиот претседател.

Тој е цврсто уверен дека неговата земја може да победи во борбата со епидемијата, преку научни мерки и прецизни политики, пренесе Радио Кина.

Тедрос Адханом Гебрејесус, пак, изјави дека кинеската Влада со рекордна брзина јавила за присуството на новиот вирус и веднаш со СЗО и другите држави ја споделила генетичката информација за новиот тип на коронавирусот.

-Ефикасните мерки и силата на кинескиот систем се доволни, подвлече Гебрејесус.

Според него, мерките на кинеската Влада ефикасно ќе ја контролираат ситуацијата и епидемијата ќе биде совладана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This