Ердоган: Турција е подготвена да соработува со Талибанците, ќе го поддржиме братскиот Авганистан во добри и тeшки времиња под секоја влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е подготвена да ги прими лидерите на движењето „Талибан“, објави агенцијата Анадолија.
„Турција е подготвена за соработка заради мир во Авганистан, благосостојбата на нашите сонародници и заштита на турските интереси на Турција во регионот“, рече претседателот.
Претходно, објавивме дека можеме да ги примиме талибанските лидери, додаде Ердоган.
„Ние остануваме на таа позиција и денес“, рече тој, додавајќи дека Турција ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери“.
Во тој поглед, шефот на Турција посочи дека неговата земја ќе го поддржи братскиот Авганистан во добри и тешки времиња под секоја влада.

„Планирам преговори за Авганистан со Ангела Меркел пред викендот и имам намера да разговарам со Путин викендов“, додаде тој.
Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини . Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата.
Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“. Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This