April 27, 2024, 11:00 pm

Ердоган pacпали по Бајден: Погледнете се во огледало, потсетете се на пpoгонот на Индијанците, на poпcтвото, на Виетнам…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на американскиот претседател eо Бајден дека Америка треба да се погледне во огледало и изјавата на американскиот претседател во која се зборува за геноцидот врз Ерменците ја нарече деструктивна и штетна за билатералните односи помеѓу двете земји.

Говорејќи на турската телевизија, Ердоган исто така рече дека Анкара е разочарана од постапките на Бајден кој го нарече ерменскиот масакр во 1915 година геноцид затоа што се коси со историските податоци. Тој исто така ја спомна историјата на Америка, ропството и прогонот на Индијанците и додаде дека многу американски активности може да се сметаат за геноцид, од Индијанците до Виетнам.

Тој додаде дека изјавата на Бајден следи под притисок на радикалните ерменски групи и антитурските кругови.

Ердоган додаде дека изјавата на Бајден ќе има деструктивно влијание врз билатералните односи.

Турскиот претседател понуди и отворање на архивите на таа земја, како и заедничката работа на историчарите за да утврдат што се случило пред еден век, цитираше Ројтерс.

Ердоган го повика Бајден да ја повлече изјавата за геноцидот врз Ерменците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This