Ерменците paзочарани од владата и Русија го напуштaaт Кapaбах: Пopaзени cмe, нашите жpтви беа зaлyдни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камион натоварен со мебел сопрел покрај чешма на тесен планински пат, а покрај него се гледаат тажните лица на членовите на едно ерменско семејство, кое по потпишувањето на московскиот мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, го напуштило Нагорно-Карабах и патува кон Сотка, град на истокот на Ерменија.

Тие се лути на Владата во Ереван, но и на Русија, која посредувала во потпишувањето на договорот за кој велат дека ги фрлил на колена, пренесува францускиот дневник “Либератион”.

По првиот шок уследиле неверување, очај, беспомошност и гнев.

“Ерменците се скршени, уште се на нозе, но се нокаутирани”, вели за “AFP” Џени, студентка која е длабоко потресена поради загубата на териториите во Нагорно-Карабах, регион на Азербејџан кој етничките Ерменци го заземале во војната во 90-тите години од минатиот век.


“Поразени сме, а тоа што се случи е многу полошо од воен пораз. Ова значи загуба на нашата историја, култура, нашата душа, а да не зборуваме за залудното жртвување на илјадници наши луѓе, кои се ранети или убиени”, додава Џени, која би сакала да “разбуди од овој грозен сон”.

Православните Ерменци доаѓаат во манастирот во Дадиванк за последен пат да запалат свеќа и да се помолат на Бога да го сочува нивното светиште пред целата област, но и сите ерменски православни цркви и манастири во Нагорно-Карабах да бидат предадени во рацете на Азербејџан, нивниот непријател.

Меѓу ретките кои нема да го напуштат Нагорно-Карабах е старешината на манастирот Дадиванк, отец Ованес.

“Учествував во ослободувањето на овој манастир во април 1993-та година, а сега повторно се жртвувани нашата култура, нашата историја, ерменската душа и илјадници ерменски животи. Јас не одам никаде, нема да го препуштам манастирот на Турците. Русија не смееше ова да го дозволи”, рекол отец Ованес.

Сите граѓани на Ерменија се длабоко погодени и разочарани од веста за мировниот договор, не сакаат да останат во Нагорно-Карабах кога Азербејџан ќе преземе контрола над таа територија и масовно ги напуштаат своите домови.

“AP” објави дека Ерменците кои живеат во градот Карвачар дури и ги палат своите куќи и заминуваат, а повеќето сметаат дека светот не направил ништо за нив, па дури ни Русија, традиционален сојузник на Ерменија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This