ЕРОЛ МУСЛИУ ПО СТАПКИТЕ НА ВЛАДО ДИМОВ: Со службени пари им купувал сребрен накит на колешките за 8 март?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Владо Димов во 2005 како министер за здравство на СДСМ купуваше бисерен накит за подароци на своите колешки, се чини дека за функционерите на СДСМ 15 години подоцна ништо не се променило.


Информациите на укажувачи до редакцијата на Инфомакс, велат дека Директорот на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу по повод 8 март наводно од буџетските пари наменети за операции набавил над 100 парчиња сребрен накит од златарата Рубин Кармин. Се поставува прашањето дали за да глуми галантност тој на секоја негова вработена им испратил кутија со накит со посвета со која сакал да се покаже како џентлмен ама кој не сака да плати од сопствениот џеб? Неодамна, вели укажувачот Муслиу на сите свои бодигарди истотака со средства од специјалната каса на АР им набавил рачно изработени костими од еден познат скопски моден кројач иако бил должен за истото да спроведе јавна набавка.

Упатените извори говорат дека токму изнаоѓањето на секакви креативни начини за празнење на спец касата на Агенцијата му била главна преокупација на Муслиу. Политичките врски преку вработувањето на шоферот на Вице Заев во Агенцијата му овозможило и влијание кај министерката за финансии да му префрла средства од една буџетски наменета сметка на друга, се разбира повторно во насока на полнење на спец касата која според јавно достапните податоци од сајтот на МФ од долгогодишните стотина илјади, оваа година достигналаа вртоглави половина милион евра.
Главни креативни “празначи” на спец касата му биле еден маж кој станал прв човек на еден од оперативните директорати и една жена која ја земал во својот кабинет, а кои лично Муслу ги унапредил веднаш штом станал директор.

Институциите како ДЗР и Финансиската Полиција се должни за финансиска контрола на буџетските институции кои трошат јавни пари. Како и во останатите познати на јавноста така и во овој случај на ваква финансиска неодговорност на Муслиу, многу е веројатно дека повторно реакцијата на иваа власт ќе изостане

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This