ЕСМ: Се работи на отcтpaнување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од хидроелектраната Вруток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на снежниот викенд во западниот дел од државата, екипи на Хидросистемот „Маврово“ работеа на дел од далноводите во надлежност на АД ЕСМ, кои ја носат електричната енергија од хидроелектраните до преносните и дистрибутивните системи на МЕПСО И ЕВН.

Во соработка со стручни екипи на МЕПСО се работи на отстранување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од хидроелектраната Вруток до трафостаницата Бела Вода кај Маврови Анови, меѓутоа снабдувањето на Маврово со електрична енергија тече непречено.

Прекините на далноводните јажиња поради водениот и тежок снег предизвикаа исфрлање од електроенергетскиот систем и на електраните на ХЕС „Црн Дрим“, но по санирање на далеководите од страна на екипите на МЕПСО двете хидроелектрани се повторно интегрирани и се на располагање на електросистемот, подготвени за напојување на потребните места откако дефектите на далноводите кон критичните региони ќе бидат санирани во целост – соопштија од ЕСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This