ЕУ АМБАСАДОРИТЕ: Продолжување на реформите, почитување на Преспанскиот договор и политички дијалог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силна поддршка за продолжувањето на реформите, за почитувањето на Преспанскиот договор и добрососедските односи, за политиките на дијалог, во пресрет на очекувањата за напредок во евроинтеграциите, искажале резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во Република С Македонија на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата биле изразени честитки до премиерот Спасовски и до Владата за доследното спроведување на обврската од Пржинскиот договор и формирањето преодна Влада, три месеци пред изборите, што се препознава од страна на ЕУ, како зрелост на демократијата во земјава.

На состанокот силно биле поздравени заложбите на премиерот Спасовски и на Владата за продолжување на реформите, за продолжувањето на дијалогот со опозицијата, за јасните определби од Владата за почитување на добрососедските односи и договорите со Република Грција и Република Бугарија, за спроведување фер избори, што се од значење за стабилноста на граѓаните и нашата држава и за интеграциите во НАТО и кон ЕУ.
Оценето било дека ова се значајни обврски, сериозно сфатени од Владата, која функционира со полн капацитет, какви што се државните потреби, во овој клучен период кога Република С Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО и оствари напредок во евроинтеграциите. Изразено е очекување дека на тоа ниво на одговорноста ќе бидат сите политички субјекти во земјава.

На средбата, како што стои во соопштението, потврдено било дека Република С Македонија ги спроведе потребните реформи е оценето дека фокусот кон нивната натамошна реализација е позитивен сигнал кон земјите членки на ЕУ, за цврстата определеност за усогласување со европските стандарди и вредности.

Посочено било дека во следните месеци Западен Балкан повеќе од секогаш ќе биде во фокусот на Европската Унија, како и дека проширувањето на ЕУ останува на врвот на европската агенда.
-Благодарни сме на поддршката и на пораките на политичките лидери на вашите земји дека одлуката за почеток на пристапните преговори со нашата земја треба да се донесе и што проширувањето на ЕУ се држи високо на агендата на европските институции, истакнал Спасовски.

Премиерот на состанокот со амбасадорите посочил дека врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да се обезбеди континуитет на функционирањето на институциите, на владеењето на правото и демократијата, организирање фер и демократски избори.

– Врвен приоритет на Владата е и почитувањето на Преспанскиот договор со Република Грција и на договорот со Република Бугарија и истакнувам дека остануваме посветени на добрите односи со сите соседи, рече премиерот Спасовски.

На средбата било констатирано дека носењето на Законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

Нагласено било дека во важните моменти за државата е недозволиво политиканство од кој било претставник на извршната власт или од политичките субјекти и дека е неопходно, сите во земјава, државните приоритети да ги стават во прв план.

-Состанокот на претседателот на Владата Спасовски со резидентните амбасадори од земјите членки на ЕУ во нашата држава е поздравен како значајна порака за определбата на Владата да продолжи одблиску да соработува со државите членки на ЕУ и со институциите на Европската Унија, во време на очекувањето на заслужениот исчекор во европските интеграции, се наведува во соопштението

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This