Ефикасноста на вakцините во Израел oпaднaлa од 94 на 64 отсто, поради делта сојот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ширењето на корона вирусот во Израел, предизвикува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 значително да опадне и сега изнесува 64 проценти, додека претходно изнесуваше 94 проценти.

Израелското министерство за здравство, објави дека намалената ефикасност на вакцината е забележана од 6 јуни, пет дена откако во земјата беа укинати речиси сите ограничувања против Ковид-19.

Израелскиот весник „Харек“ објави дека 90 проценти од новозаболените лица во последните две недели се заразени со делта сојот.

Според податоците на Министерството за здравство, собрани од 2 мај до 5 јуни, пред појавата на најновата инфекција, ефикасноста на вакцините во спречување на инфекцијата била 94,3 проценти.

Слично намалување на ефикасноста е забележано и во превенцијата на сериозните болести кај оние кои примиле две дози на вакцина.

Педесет и пет проценти од новите инфекции биле пријавени кај целосно вакцинираните.

Од почетокот на мај до почетокот на јуни, заштитата од сериозни болести кај вакцинираните изнесуваше 98,2 проценти, но од 6 јуни до 3 јули таа се спушти на 93 проценти.

И покрај тоа, вакцините се уште се ефикасни против сериозна болест што може да доведе до хоспитализација.

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет денеска има средба со министерот за здравство Никано Хоровиц на која ќе се разговара за најновото ширење на болеста, а „ковид кабинетот“ ќе се состане утре за да разгледа повторно воведување ограничувања во обид за спречување на ширењето на вирусот.

Ќе се разгледува и воведување ограничување на собирањата, како и повторно воведување на системот на зелени пропусници за одвојување на вакцинираните од невакцинираните и ограничување на бројот на децата кои можат да бидат заедно во затворен простор.

Како што објавија здравствени власти, вчера бил поставен нов тримесечен рекорд, со 343 нови случаи на корона вирус. Бројот на сериозни случаи од минатата недела, исто така, е зголемен за речиси 50 проценти, па утринава се регистрирани 35.

Првите седум случаи на делта сојот во Израел беа регистрирани кон средината на април, кога во Велика Британија имаше 77 вакви случаи. Во тоа време Израел изгледаше дека е речиси надвор од кризата, бидејќи речиси пет милиони од приближно девет милиони граѓани ги примија двете дози на вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This