Еѓипќанец се обидел да си го продаде синот на фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Египќанец бил фатен од полицијата за обид да го продаде својот син, кој се уште е бебе, на социјалната мрежа Фејсбук, објави „Њу Араб“.

Неидентификуваниот човек, столар од Гиза, тврди дека немал друг избор освен да го продаде момчето поради финансиските тешкотии во кои западнал. Полицијата го уапсила откако претходно ги следела неговите активности преку Интернет во тајна операција.

Според извештајот, човекот добил понуди од неколку заинтересирани потенцијални купувачи.

Египетската веќе исцрпена економија, кој беше сериозно погодена од пандемијата на коронавирус, во голема мера се потпира на туризмот, кој претставува околу 12 отсто од нејзиниот БДП.

ММФ одобри едногодишен пакет финансиска помош од 5,2 милијарди американски долари за Египет за да ѝ помогне на земјата во ублажување на разорното влијание на Ковид-19 врз економијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This