Жално за жална Македонија, странци ќе ни ја пишуваат историјата во нашите учебници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Македонското радио во утринските вести во 7,00 часот објави дека Владата на РМ (МОН)ќе изготви нов правилник за методологијата за изработка на учебници во образованието.

Тоа е во ред и тука немам никакви забелешки, под услов ако постојниот Правилник не одговара, а има забелешки од потенцијалните автори кои сакаат да објавуваат учебници.

Втора работа која начелно ќе се регулирала со овој нов Правилник била таа што со него во иднина веднаш, промтно ќе можело да се вршат измени во некои делови на учебниците. Во овој дел е доста симптоматична потребата од вакво воведување на измени
(претпоставувам дека и со постојниот Правилник може да се прават), ама тие треба да бидат издржани и дадени од релевантно познати и признати дејци во науката, а не од политички волонтери кои треба да извршат определена партиска задача.

Третата измена која најмногу ме интригира и засега е таа дека со него ќе се овозможи, ако исполнувале одредени услови и странци да ни пишуваат учебници. Е со оваа измена која сакаат да ја воведат ги повредуваат чуствата на сите граѓани на Република Македонија.

Зошто?

Затоа што ако Македонија била и е лулка на писменоста на Европа, ако СВ. Климентовиот Унивезитет бил прв во Европа како може овие бистри глави од поличката врхушка на Македонија да се понижуваат и да воведуваат вакво нешто. Мое мислење е дека ова не се воведува за предметите за кои се знае дека имаат работи кои се вечни вистини како математика, физика, хемија и слично, туку ќе се воведува само за предметот ИСТОРИЈА. Тука ќе треба странците (професори од Бугарија, Грција, Србија и Албанија)да ни ја напишат историјата и од така напишана историја да учат учениците во новокомпонираната држава која незнам како
ќе ја крстат.

Жално за жална Македонија, пожално неможе да биде.

На крај ќе наведам два цитати од книгата на Will Adamss наслов на оригиналот THE ALEKSANDER CIPHER – Шифрата на Александар: „Гнев и немир имало во Македонија во последните два милениуми, бидејќи прво Римјаните, потоа Византијците и на крај Отоманите го угнетувале нардот. И секој пат
кога ќе се ослободеле од еден јарем, биле поптчинувани од некој друг. Пред стотина години изгледите биле поволни.

Илинденското востание во 1903 годинабило брутално задушено, ама потоа, во 1912 година 100000 Македоци се бореле рамо до рамо со Грците, Бугарите и Србите за конечно да ги протераат Турците. Тоа според правататреба да е родениот ден на независна
Македонија. Ама биле предадени. Нивните поранешни сојузницисе свртеле против нив, таканаречените Големи Сили соработувале во својата озогласеност и Македонија била поделена на три дела , според бедниот Договор од Букурешт Егејска Македонија била доделена на Грција, Српска Македонија на СРбија, а Пиринска Македонија на Бугарија.“

„Што мислите за следнава вистина? И двајцата мои дедовци биле родени во Голема Македонија. Додека станале мажи, едниот станал Србин, Другиот Грк. За луѓето како Вас , луѓе без кауза, можеби изгледа прекрасно кага семејствата како моето се поделени и предадени како рабови. Ама, една група луѓе длабоко верува дека тоа не е толку добро. Може ли да претпоставите кои се тие луѓе?

Претпоставувам Македонци.

Не барам да го смените мислењето, едноставно ве прашувам: кој навистина треба да вреши КОЈ Е КОЈ? Тие самите или некој друг? Верувам дека има законски народ во Голема Македонија, Верувам дека тој народ е незаконски поделен меѓу Бугарија, Грција и Србија. Верувам дека Македонците биле нечесно угнетувани со векови, дека со децении страдале од етничко чистење, дека се’ уште се прогонувани бидејќи немаат маќ.

Стотици илјади од овој дел(егејскиот) се согласуваат со мене, а милиони ширум светот. Тие меѓусебно ја делат културата, историјата, верат и јазикот, ане ги делат државите каде припаѓаат. Се нарекуваат Македонци, наспроти се’ што им вели светот.

Верувам дека овие луѓе ги заслужуваат истите права за слобода, вера, самоопределување и правда кои вие ги сметата за вистински.
Овие луѓе се мојата кауза. Поради нив ја барам вашата помош“.

Заклучок: Оваа власт можеби сака да ја смени историјата во Република Македонија за да ги задоволи апетиотете на големите сила, Ама истовремно ги прашувам како ќе ги сменат писанијата во книгите кои се издаден ширум светот како што е оваа, како ќе го принудат овој автор кој работел десет година за да го издаде ова дело?

Е тоа нема да им појде од рака.

Писмо од нашиот читател Славе Ников

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This