April 27, 2024, 10:56 am

ЖБОГАР БАРА ДВОЈАЗИЧНОСТА ДА СЕ СПРОВЕДЕ: Евроамбасадорот во Македонија повторно се меша во внатрешните работи на земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самуел Жбогар, амбасадор на Европска унија во Скопје, смета дека во Македонија, како парламентарна демократија, треба да се почитува волјата на мнозинството пратеници, одговарајќи на прашањето околу забелешките во јавноста за прекршување на процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Имате различни погледи: на претседателот, на неколку професори, на јавноста, но исто така и на премиерот, на спикерот, на други професори, а ги имате погледите и на мнозинството во Парламентот, кои сметаат дека Законот е уставен, дека сè е во согласност со процедурата. Имате парламентарна демократија, законите се усвојуваат во Парламентот, мнозинството пратеници решаваат да го усвојат законот и ние мораме да го прифатиме тоа. Тоа е факт!“, изјави Жбогар во интервју за ТВ 24.

„Не можам ни јас, ни Вие, да одлучиме за тоа дали процедурата е прекршена. Веројатно, има институции што можат тоа да го откријат. Кога некој закон стапува на сила, потоа некој може да го испрати на Уставен суд и тој ќе реши за тоа дали е уставен или не“, додаде тој, нагласувајќи дека побарале од Владата да го испрати Законот на Венецијанска комисија.

Околу изјавата на Јоханес Хан дека законот со кој се предвидува албанскиот јазик да стане службен на целата територија на државата не е приоритет, Словенецот со појаснување на ставовите на еврокомесарот за проширување на ЕУ.

„Комесарот Хан рече дека тој го поддржува Законот и дека немаме проблем со содржината на Законот. Рече само дека тој не е еден од европските реформски закони што дојдоа со препораките на Прибе и што беа вметнати во планот 3-6-9. Тој рече дека Владата треба да се фокусира на приоритетите и на реформските закони, но ако можат во исто време да го донесат и Законот за јазици, немаме против. Очигледно, овој закон е приоритет за коалицијата, за малцинство во оваа земја и беше дискутиран долго време, тука е уште од Охридскиот рамковен договор, нешто што не е реализирано. Во 2015 година овој закон е спомнат од претходната влада како нешто што недостига од Охридски рамковен договор. Тој беше дел од договорот за коалиција и така дојде во Парламентот. Сега е усвоен и сега е време, добро е да се продолжи со законите за кои зборувавме“, изјави тој.

За предупредувањето од францускиот амбасадор Кристијан Тимоние дека начинот на донесување на Законот ја загрозува чистата препорака за почеток на преговорите со ЕУ, Словенецот со свој став.

„Би се согласил со мојот француски колега, кој што рече дека, за жал, политичките лидери на сите страни не беа во состојба да најдат начин како да се справат со Законот и со амандманите за него. Тука се согласувам. Со ова, според мене, повторно се докажуваат две работи. Едната е дека навистина е важно опозицијата да биде во Парламентот, во второто читање на Законот таа не беше таму и затоа сите амандмани поминаа многу бргу. Очигледно, во Деловникот има некои дупки што треба да се разгледаат. Имаме експерт што му помага на Парламентот прецизно подобрувајќи го Деловникот за во иднина да не дојдете во ситуација да имате различни интерпретации“, изјави тој. „Препораката ја пишува Европска комисија, а земјите-членки зборуваат за неа подоцна, кога мора да одлучат за отворањето преговори“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This