ЖБОГАР ПО СРЕДБАТА СО ПЕНДАРОВСКИ: Охрабрен сум од неговите пораки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се надеваме на успешна соработка со претседателот Стево Пендаровски во деновите и месеците што претстојат за интеграција на С Македонија во Европската Унија, изјави амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самоел Жбогар по денешната средба со шефот на државата во „Вила Водно“.

–Имав средба со претседателот Пендаровски. Му ги пренесов честитките од претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и од претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, во кои тие изразуваат подготвеност за многу блиска соработка за европската иднина на С Македонија и за градење на заедничка Европа, рече Жбогар.

Евроамбасадорот рече дека на средбата изразил почит за вчерашните пораки на Пендаровски на инаугурацијата, пораки за помиpyвање, за подавање рака, за oбединyвање на сите политички cили во земјата во интерес на сите граѓани и напредок на државата.

-Охрабрен сум од неговите пораки и од денешната средба. Разговаравме за неговата можна посета на Брисел и средби со лидерите на Европската Унија, нешто на што ќе работиме во наредните недели, рече Жбогар по средбата со Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This