Новата градоначалничка на Чикаго е 56 – годишната Лори Лајтфут, избрана во врториот круг на локалните избори.
За прв пат во историјата на градот Чикаго добива жена за градоначалник и тоа Афроамериканка и хомоceксуалка. Гласачите во вториот круг ја избраа Лајтфут пред 72 годишната локална политичарка Тони Преквинкл, која исто така е Афроамериканка.
„Жителите на Чикаго се подготвени за промени“, изјави Лајтфут која вети дека ќе го поддржи огpaничувањето на мандатот на градоначалникот и ќе воведе изборни реформи со кои би се зaбранило политичарите да профитираат од својата позиција.
Новата градоначалничка на третиот град по големина во САД отворено се декларира како хомосекcуалка. И Лајтфут и Преквинкл се кандидатки на Демократската партија.