ЖЕРНОВСКИ АМБАСАДОР ВО ЖЕНЕВА?: Список на кандидати за пополнување на празните амбасадорски места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што наближуваат изборите, така се зголемува редицата во чекалната за амбасадорски места. Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, според дипломатски извор од МНР, ќе биде идниот амбасадор на Македонија во Мисијата при Обединетите нации во Женева.

Откако премина од ЛДП во редовите на Ц.О. на СДСМ, Жерновски се договори да го добие земеничкото место во МНР. Но, во СДСМ тој сепак е половично прифатен кадар и во владеачката партија Жерновски сеуште е третиран како “падобранец“, со речиси никакви шанси да биде на добитно место на пратеничките листи кои ги подготвуваат Заев, Шеќеринска и Оливер Спасовски. Тоа, според нашиот извор, е основниот мотив зошто заменик министерот Жерновски пред избори сака да замине за амбасадор, додека сеуште трае мандатот на актуелната влада.

Инаку во изминатиов период во јавноста се споменаа неколку имиња на можни кандидати за амбасадори. Премиерот Заев индиректно потврди дека е разговарано за опцијата Теута Арифи, градоначалничка од ДУИ, да биде новата амбасадорка во Вашингтон, а секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Дане Талески, да биде номиниран за амбасадор на Македонија при мисијата во НАТО во Брисел. Другите кандидати за кои постои иницијатива за амбасадорски ангажман се

Шпреса Јусуфи, дипломат од кариера, за амбасадор во Анкара

Сашко Насев, кадар на НСДП, поранешен амбасадор во Канада, за амбасадор во Софија

Проф. Мишо Докмановиќ, близок колега на министерката Рената Дескоска, за амбасадор во Тел Авив

Паскал Стојчевски, амбасадор во Прага во времето на Груевски, за амбасадор во Хаг

Емил Кирјаз, поранешен држ.секретар во МНР, за амбасадор во ОН-Њу Јорк

Светлана Гелева, дипломат од кариера, за амбасадор при Советот на Европа во Стразбург

Рами Реџепи, дипломат од кариера близок до ДУИ, за амбасадор во Рим

Но, во коалицијата изгледа постојат и некои нeдоразбирања за тоа кој треба, а кој не треба да биде упатен за амбасадор, особено на релацијата Претседател Пендаровски кон министерот Димитров. Се шпeкулира дека неколку предлози на Димитров, негови блиски соработници и пријатели, биле oдбиени од страна на Претседателот Пендаровски. Како такви се споменуваат имињата на дипломатите Методија Белевски, Елена Бодева и Миле Прангоски. Истовремено, коалициониот партнер ЛДП изразил незадоволство за нeисполнувањето на договореното место за амбасадор во Обединетите нации во Њу Јорк, односно сметаат дека МНР Димитров намерно ги кочел договорените законските измени на Законот за надворешни работи, со кои би се отстранила пречката при имање на двојно државјанство и би се зaбрзала номинацијата на Емил Кирјаз, кој има и британско државјанство, за македонски амбасадор при ОН во Њу Јорк.

Извор Магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This